ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Прилеп, секој ден по еден случај, жртва на семјно насилство

603

       Според статиситката на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи –Прилеп , секој ден во Прилеп има по еден регистиран случај,  жртва на семјно насилство, или за 2018 година регистрирани се 365 случаи ,  исто колку  и лани .

„ Големиот дел на мажи кои ги тепаат своите жении мотивиот го наоѓаат во тоа да бидат во тој момент важни, моќни и за жал тоа го прават во кругот на семејството, односно кон најблиските. Не секогаш е жената жртва ние имаме ситуација кога мајката си го тепа своето дете, ситуација каде стари и беспомошни лица се тепани од своите деца. Превземаме одредени дејствија во функција на она што значи психолошка, економска или едноставно социјална, прва правна помош. Оние коии се со животно загрижувачка потреба на некоја помош ги активираме и шелтер центрите во Македонија и кои се познати само на врабоните во Центрите за социјална работа“, рече Живко Силјаноски, директор на Центар за социјална работа Прилеп.

Освен жените жртви на семејно насилство се и мажите, децата и старите лица. Се стравува дека бројката е далеку поголема бидејќи се уште има жени кои не го пријавуваат насилството.

Денеска Прилеп се вклучи во капањата за  борба против насилството врз жените,кој започна на 25 Ноември насловена „16 дневнен активизам„ ба кои се  вклучија и учениците од

 

ООУ Кире Гаврилоски со свој перфомранс,а Локалната власт формира и Комисија за родова еднаквост

 

 

„Целта е да се потикне свеста против насилстото врз жената. Нееднаквоста межу мажите и жените е една од клучните елементи за борба против насилството врз жената. Лани Истанбулската конвенција не беше ратификувана од страна на Македонија, годинава успеавме да ја ратификуваме,таа стапи на сила и согласно таа Конвенција ова година заедно со Советот на Општина Прилеп и градоначалникот, имаме во предвид нареднава недела да се одржи панел трибина и дискусија која што ќе придонесе за развој на јавната свест за поттикнување на борбата против семејно насилство“, истакна Јулијана Цековска, претседател на комисија за родова еднаквост при Советот на Општин априлеп,формирана оваа година со цел да помогне во рамките во подигнувањето на свеста за родовата енаквост.

„Слушни ме и мене“’ е годинашното мото на Меѓународниот ден, а кампањата која се одржува во светски рамки и трае до 10 декември.  Целта е да се поттикне свесноста на заедницата и индивидуалниот придонес во борбата против насилството врз жените и девојките.Портокаловата боја на кампањата ја симболизира светлата иднина без насилство врз жените. Според Обединетите нации, една од три жени во светот е жртва на насилство.Бројните светски медиуми јавуваат дека фамилијарната куќа е најсмртоносното место за жените. Статистиките покажуваат дека во регионот ,убиените жени спрема бројот на жители, е значително поголем отколку во западните земји, како Германија или Австрија. Шпанија ,поради со цел да го намали насилството врз жените   сериозно го смени законот за оваа област.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: