ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во присуство на партискиот врв во Прилеп одбележана 31 годишнина од УМС на ВМРО ДПМНЕ

401

Вечерва во Прилеп  УМС на ВМРО ДПМНЕ , под слоганот „Визија за победи, шанса за промени“ одбележа  31 година од формирањето на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Пред младиите во салата на ЦК Марко Цепенкво Прилеп, се обрати  претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, Христијан  Тунески ,претседател на УМС при ОК на ВМРО ДПМНЕ – Прилеп како домаќин и Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски .

„ Наша е должноста шанса за сонување да им ја дадеме на младите генерации.До деведесеттите години сонувавме, мечтаевме да ги менуваме работите. Се сеќавам на еланот со кој влегувавме од еден систем во друг систем. Се сеќавам на надежта дека ќе ги подобриме постојните институции, без да ги уништиме. И тој наш сон не беше да го уништиме тоа што добро функционирало туку да го прифатиме доброто кое моравме да го направиме уште подобро. Се сеќавам дека и покрај сите можни удари кои ни ги даваше животот, редици за млеко, бензин, празни рафтови по продавниците, родители кои остануваа без работа, ние сепак сонувавме, се надевавме и се боревме.

Денес драги пријатели сѐ помалку има од тој сон, од таа надеж и енергија која нѐ движеше низ тие години. Независно дали успеавме во сите тие наши соништа, ние тогаш се боревме. И историската одговорност на една генерација е доколку не успее да го оствари сонот, да го предаде факелот на надежта и пораката за борба на наредната генерација. Паралелата со денес говори дека сѐ помалку младите ја имаат таа шанса да сонуваат и како да е прекината таа точка на наследување на идеалите, борбите и соништата, ама наша е должноста таа шанса да им ја дадеме на младите генерации. Затоа сите заедно, многумина како едно да тргнеме во остварувањето на нашиот сон и нашата заедничка иднина. Македонија – држава на сите луѓе од сите места и градови, на рамноправни едни со други, со еднакви шанси искористени согласно со капацитетите на индивидуата. Не постои нешто што се вика апсолутна еднаквост на сите со секого, но секако дека постои борба за еднакви можности за сите и за секого. Затоа на младите мора да им ја дадеме нивната шанса, надеж и визија која заедно ќе ја отсонуваме. И тоа им го должиме ним, но и си го должиме нам… Како до тоа? Преку промени што се случуваат, преку коренити промени на свеста, преку заедничко дефинирање на нашите цели и преку покажување на пркосен отпор и верба во идеите. За да има промени, мора да има избори. А владата бега од избори.“-нагласи Мицкоски и го повика народот да се обидини портив власта.

„ Огромна чест ми преставува денес, овде пред вас да се обратам по повод триесет и првиот роденден на Унијата на млади сили. На 6ти и 7ми Април во 1991та година, токму овде во Прилеп, се одржал првиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. На кој е донесена одлуката за создавање на Унијата на млади сили, истакна Сергеј Попов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Унијата на млади сили преставува семејство. Семејство кое е сплотено и решително да продолжи да работи за интересите на татковината, на која ние младите сме и најпотребни со нашата енергија, знаење и мотив за подобра иднина.

Ситуацијата во која денес се наоѓа Македонија и ја доверува на Унијата на млади сили најтешката задача во своето триесет и едно годишно постоење. Катастрофалното владеење на нашиот политички опонент во изминативе пет години, предизвика вистинска серија на порази и дополнително ги забрза сите негативни процеси. Целосната сервилност во надворешната политика, продавањето на националните интереси, криминалните зделки, уништено правосудство се само дел од највидливите проблеми со кои се соочува Македонија. Најголема последица од сите овие проблеми е младинското иселување, кое во изминативе пет години завзема апокалиптични размери. Уште еден фатален показател кој неодамна го добивме е дека од последниот попис во 2002 година до овој попис во 2021 година, младите се 170.000 помалку. Во последните 5 години со драстичен пораст на иселувањето на млади. Младите повеќе не остануваат во Македонија, не создаваат семејства и не се развиваат. Татковината Македонија веќе не е дом за своите деца тоа не е нормално. Доколку македонското општество не зачекори во правилна насока, а неправдата остане пракса, во Македонија повеќе ќе нема млади, а со тоа се доведува во прашање и опстанокот на македонската држава. Водени од овие сериозни предизвици Унијата на млади сили во изминативе 2 години сериозно се зафати со изработка на стратегија насловена „Визија за победи“.-вети Сергеј Попов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: