ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Водата од јавните чешми во 7 села и од две крајпатни чешми не е исправна

602

Повеќе јавни чешми во прилепско кои не се обезбедени со водоводни системи, имаат неисправна вода за пиење. Според последните испитувања во Центарот за јавно здравје не е исправна водата за пиење од крајпатната чешма на село Штавица, селото Плетвар, кај ресторанот „Че“, од јавните чешми во Леништа, Ореовец, Прилепец, Волково, населено место Чумово, Мало Рувци и Беловодица што се наоѓаат среде селата. Водата од овие чешми според Центарот за јавно здравје не смее да се користи за пиење, без да се преврие најмалку 10 минути.
Овие се препораките на медицинските стручњаци од Центарот за јавно здравје од Прилеп, по редовните анализи на квалитетот на водата за пиење од јавните чешми во населени места, каде што нема водоводи, a коишто се во ингеренции на ЈКП „Водовод и канализација“.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: