ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

За кои земјоделци, викендов, нема да важи забраната за движење?

744

Викедов стапуваат на сила дополнителните мерки за ограничување на движењето, што ги донесе Владата за заштита на здравјето на граѓаните од коронавирусот, а се однесуваат на период од 16:00 часот до 05:00 часот. Бидејќи некои од земјоделските активности не трпат забрани, бидејќи се поврзани со сезонска работа на терен, во пластеници, обработка земјоделските површини, или напојување и хранење на стоката, на вчерашната владина седница биле допрецизирани исклучувањата на дел од земјоделците во однос на забраната за движење.

Проследете ја изјавата на министерот Димковски:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски во денешната изјава посочи дека заради интензивирање на сезоната на земјоделски работи, особено кај градинарските култури, се исклучуваат земјоделците што одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности поврзани со производство во пластеници. Останатите кои мора да бидат надвор од домот, на терен по 16 часот ќе треба да се јават во подрачната единица на МЗШВ и да се пријават со е- маил адреси за добивање на дозволи за непречено движење.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: