ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Заеднички првомајски проглас – И СО МАСКИ ЌЕ БИДЕМЕ ГЛАСНИ !

390

Првомајски проглас, денеска упатија синдикати и здруженија на граѓани, во кој , бараат преземање на мерки кои ќе ги заштитат работниците. Бараат да не се дава финансиска поддршка на фирми кои ќе отпуштаат работници за време на кризата, да се донесе уредба со која платите на работниците нема да може да се намалуваат повеќе од 20 проценти и паричен надоместок да земаат и лица на кои им престанал работниот однос спогодбено или поради наводно нарушување на дисциплината.

Во прогласот се бара и заштита на пекарските работници, односно и за нив да биде обезбедена финансиска помош од 14.500 денари, како и да се забрани пресметување на камати во време на криза. Дел од барањата на синдикатите се и воведување на прогресивен данок на добивка, со стапка од 20 прценти на добивката која надминува еден милион евра и прогресивен данок на личен доход со стапка од 20 проценти за доход над 1.500 евра и 30 проценти за доход над 2.500 евра.

Синдикатити е здруженијата бараат да се воведе и данок од 30 процетни на исплатените дивиденди и да се поништи покачувањето на акцизите. Синдикатите апелираат да престане анимозитетот кон јавниот сектор и квалификувањето на вработените во овој сектор како неработници, а од Владата да му помогне на претседателот на државата најитно да најде начин да продолжи со работа Собранието. Синдикатите и здруженијата на граѓани бараат да бидат консултирани при подготовката на мерките кои се поврзани со нив и ниедна ваква одлука да не помине без нивна согласност.

– Работничките и работниците не молчат ниту во време на пандемија. И со маски, ќе бидеме гласни, се вели во заедничкиот првомајски проглас на дел од синдикатите и здруженијата на граѓани за заштита на работничките права.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: