ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Застрелан прилепски ловџија при лов во мариовско

956

Денеска, околу пладне, во полициската станица во Прилеп било пријавено дека е ранет прилепчанец кој со своите пријатели бил на лов на диви свињи во Мариово. Според првичните информациите од МВР, еден од групата ловџии, најверојатно по грешка, наместо во пленот за отстрел, пукал во својот другар.

За извлекување на телото бил ангажирана спасителската служба „Златоврв„ , бидјеќи теренот бил недостапeн, а потоа телот било префрлено со хеликоптер.

Дел од медиумите ја пренесуваат изјавата на Сања Стаматова, портпаролка на СВР Битола, дека прилепчанецот со иницијали Ѓ.Х. бил погоден со куршум од лице од група која била на лов.

„Денеска во 11.06 часот во прилепската полициска станица било пријавено дека во атарот на селото Витолиште, 25-годишниот прилепчанец бил погоден од куршум од ловечка пушка од едно лице од група која била на лов. Во 14.55 часот од екипа на итната медицинска помош било констатирано дека Ѓ.Х. им подлегнал на повредите“, соопштила Стаматова.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција, а со дополнителна истрага ќе се утврдуваат вистинските причини за овој несреќен случај.

Преземено од МКД.мк

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: