ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Заврши Европско првенство за слободно летачки модели ФАИ 2022

404

Во организација на ФАИ, ВФМ (Воздухопловна федерација на Македонија и градот домакин Прилеп, се одржа Европското првенство во категорија слободно летачки модели Ф-1А, (едрилици), Ф-1-Б, (модели со погон на гумен мотор) и Ф-1-Ц (модели со мтор на внатрешно согорување). Европското првенство се одржуваше од 16 до 20 август, на полигонот кај селото Веселчани.

Во конкуренција од 80 учесници пријавени учесници, прво место освои Пер Финдал од Шведска, пред второпласираниот Боштјан Багари од Словенија, a третото место го освои Емануел Раго од Франција. Екипно, во конкуренција на 26 екипи, првото место го освои Чешката Република, пред Шведска и Унгарија.

Најдобро пласиран македонски натпреварувач беше Гоце Јосифовски, со максимален број на бодови во првите 7 турнуси, но при последниот од дополнителните летови заврши на 11 место во вкупен пласман.

Во вториот натпреварувачки ден, на полигонот крај с. Веселчани – Прилеп се одржа натпреварот во категоријата Ф-1-Б, модели со гумен погон, додека третиот ден беше резервиран за Ф-1-Ц – модели со мотор на внатрешно согорување, качувачи.

Согласно препораките на Организаторот се започна доста рано, но времето едноставно не беше наклонето на натпреварувачите. Според предвидената програма се одржаа 7 турнуси, во извонредно тешки услови, со високи температури, при што натпреварувачите се надминаа себеси и го одржаа до крај темпото постигнувајќи врвни резултати.

Во конкуренција од 71 натпреварувач од 24 земји, првото место го освои младиот натпреварувач Бојан Гостојич од Србија, пред Јан Чихк од Чешката Република, додека третото место го освои Ор Шабат од Израел. Победата на младиот Гостоич воопшто не е изненадување, туку круна на неговата континуирана работа под будното око на неговиот татко.

Во најпрестижната категорија Ф-1-Ц, првото екипно место го освои Украина, пред Израел и Србија.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: