ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Здравствен дом Крушево обезбедува пункт за примена на брзи Ковид тестови

601

Здравствениот дом во Крушево ќе прави брзи антигенски тестови за утврдување на Ковид 19. Тестовите се веќе обезбедени преку Министерство за здравство, како што денеска, објави здравствената установа на социјалните мрежи, а информацијата ја потврдија и од Општина Крушево. Граѓаните ќе можат проверката да закажат преку преку „Мој термин“, со матичните лекари.

„Благодарение на донацијата од Министерството за здравство, во најскоро време ЈЗУ Здравствен Дом Крушево ќе врши тестирања за COVID 19. Тестирањата ќе се прават преку Мој Термин со закажување од матичниот лекар.“, велат од здравствен дом Крушево.

За градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски ова е уште еден важен чекор во насока на справување со вирусот, бидејќи граѓани на општината ќе имаат термини за тестирање и нема да мора да одат во соседните општини за проверка.

Со брзите антигенски тестови резултатите се добиваат за околу 20 минути. Според последната Ковид статистика во Крушево досега се регистрирани 149 случаи со корона вирус, од кои активни се вкупно 74.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: