ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во општина Прилеп ќе се формира Совет за поддршка на женско претприемништво

156

Воведна седница денеска одржа Советот за поддршка на женското претприемништво за општина Прилеп на која присуствуваа жени од бизнис сферата, но и жени кои управуваат со различни сектори во компаниите, како и во образовниот систем. Свое поздравно обраќање имаа градоначланикот на општина Прилеп Борче Јовчески, претседателот на Советот на општина Прилеп Дејан Проданоски, Валентина Дисоска, претседател на Националната платформа, Даниела Цветаноска – локален координатор на НПЖП во пелагонискиот регион, Билјана Кузманоска – член на совет на општина Прилеп.

На седницата Талија Петреска ги презентираше програмските документи за основање на Советот. Следен чекор е формирање на Совет на женско претприемништво кој што би функционирал во општина Прилеп, а чија што основна цел е споделување информации, искуства и создавање на партнерства во бизнис заедницата.

Во голем број на општини во земјава формирани се Совети за поддршка на женско претприемништво со цел посветување на поголема поддршка на жените претприемачи, креирање политики за родово буџетирање, унапредување на родовата рамноправност и програми за финансиска поддршка за жените кои ја почнуваат својата претприемачка приказна.

Советот, пред се, ќе креира политики за да го олесни пристапот во учеството на жените во оштественото дејствување и ќе дејствува во насока на подобрување на родовите улоги и елиминирање на ограничувањата, а ќе креира и можности за економско зајакнување на жените.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: