ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (70- предизборна)

696

Пишува Зоран Момироски

ЗА ДВА ДЕНА МАКЕДОНИЈА ДОБИВА ТЕХНИЧКА ВЛАДА КОЈА ТРЕБА ДА ГИ СПРОВЕДЕ ПРЕТСТОЈНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ. ОД НОВИОТ СОСТАВ НА ПАРЛАМЕНТОТ НЕКОИ ОЧЕКУВААТ МНОГУ, ДРУГИ ПАК ДА ПРОДОЛЖИ НАШАТА СТРАТЕШКА ОПРЕДЕЛБА – ИНТЕГРИРАЊЕ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА. И НОВИ ПОЈАСНИ И ПОПРЕЦИЗНИ МЕРКИ И АКТИВНОСТИ НА ИНСТИТУЦИИТЕ ВО БОРБАТА СО СИТЕ ШТО СЕ ИНВОЛВИРАНИ ВО ЕКОНОМСКО ПОЛИТИЧКИОТ, ФИНАНСИСКИ И ДРУГ ВИД НА КРИМИНАЛ. ПОРАДИ ЧУВСТВИТЕЛНОСТА НА ПЕРИОДОТ КОИ ПРЕТСТОИ, ОСОБЕНО НА ЛУЃЕТО КОИ СО СВОЈОТ ,,ДЕМОКРАТСКИ“ КАПАЦИТЕТ СЕ ИНВОЛВИРАНИ ВО ОВОЈ ПРОЦЕС, КАКО И ПОРАДИ  ЗАСИЛЕНИОТ МОНИТОРИНГ ПРЕД И ЗА ВРЕМЕ НА ОВОЈ ПРОЦЕС, КОЛУМНИТЕ КОИ ГИ ПОДГОТВУВАВ ПОД РАБОТЕН НАСЛОВ  ,,ВО ПРИЛЕП НЕМА ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ“ НА РАДИО ПЕЛА ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД НЕМА ДА ГИ ИМА. ЗА ВОЛЈА НА ВИСТИНАТА ВО ИЗМИНАТИВЕ СЕДУМДЕСЕТ НЕДЕЛИ СЕ ОБИДОВМЕ  ДА ТРЕТИРАМЕ МНОГУ ПРАШАЊА, СТАВОВИ МИСЛЕЊА И РЕАЛНИ СОСТОЈБИ ШТО ГИ ТРЕТИРАА ГРАЃАНИТЕ. ПРИТОА ОНИЕ КОИ ГИ СЛЕДЕА И ЧИТАА СЕ СВЕДОЦИ  ДЕКА НА НИТУ ЕДНО ДРУГО МЕСТО НЕ МОЖЕА ДА СЕ  ПРОЧИТААТ. ПОРАДИ ОБЈЕКТИВНОСТА БЕЗ ПАРТИСКА ИЛИ ,,МАФИЈАШКО-ПОЛИТИЧКАТА“ СЕЛЕКЦИЈА КОЛУМНИТЕ БЕА И ЌЕ ОСТАНАТ  ЕДИНСТВЕНАТА МАЛА, АМА МНОГУ ЗНАЧАЈНА  СВЕТЛИНА ВО ,,МРАКОТ“ КОЈ НАДВИСНАЛ НАД ПРИЛЕП. ВО ИНТЕРЕС НА ВИСТИНАТА ЈАВНО НИКОЈ ОД ГРАЃАНИТЕ НЕ РЕАГИРАШЕ БИДЕЈЌИ ПРЕПОЗНАВАА ОБЈЕКТИВНОСТ И МЕСТО КАДЕ МОЖЕШЕ  ДА СЕ ДОЗНАЕ ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА И МНОГУ ПОВЕЌЕ  ОТКОЛКУ ШТО ТОА ГО НУДИ ЕДНА  ОБИЧНА ВЕСТ. ПОРАДИ  СЕТО ОВА КОЛУМНИТЕ ,,ВО ПРИЛЕП НЕМА ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ“ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ И ЌЕ ГИ ИМА НА ФЕЈСБУК ФАН СТРАНАТА, КОЈА ДЕНОВИВЕ Е ОТВОРЕНА НА ПРОФИЛОТ ЗОРАН МОМИРОСКИ – ВО ПРИЛЕП НЕМА ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ. ОТВОРЕНА  СО СИЛНА ПОДРШКА ПРЕД СЕ’ НА ОНИЕ  ГРАЃАНИ И НА ПОЕДИНЦИ  ШТО САКААТ ДА СЕ ЗНАЕ  ШТО СЕ СЛУЧУВА И ШТО ПРАВАТ ЛИЧНОСТИТЕ ВО ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ, ВО ИНСТИТУЦИИТЕ НА СИСТЕМОТ И ПОЕДИНЦИ ,,ПЕРЈАНИ“  КРИЕЈЌИ СЕ ЗАД ВИДЛИВАТА – БИ ПОЈАСНИЛ ЗАД ОНА ШТО СЕ НАРЕКУВА  ЈАВНА ПОЛИТИЧКА  СЦЕНА ВО ПРИЛЕП.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: