ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (39)

1.202

Пишува Зоран Момироски

  • ДЕНЕСКА ПОЛОВИНА ВЛАДА СЕ СЕЛИ ВО ПРИЛЕП. ПРИГОДНО ЌЕ БИДЕ ОДБЕЛЕЖАН ПОЧЕТОКОТ НА ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА. ЗАФАТОТ ЌЕ ЧИНИ 220 МИЛИОНИ ЕВРА, А ТРЕБА ДА БИДЕ ГОТОВ ЗА 5 ГОДИНИ. ЗАПОЧНУВА ДА СЕ ГРАДИ И ВЛЕЗОТ ОД КРУШЕВО ВО ГРАДОВ. МИНИСТЕРОТ БОЧВАРСКИ НА МААЛСКИТЕ ПРЕДИЗБОРНИ СРЕДБИ ТВРДЕШЕ ДЕКА Е ИЗБРАН ИЗВЕДУВАЧ НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ, ДЕКА Е УСОГЛАСЕНА ДИНАМИКАТА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОВОЈ ПРОЕКТ ВРЕДЕН 1 МИЛИОН ЕВРА СО ПРИЛЕПСКИТЕ ЛОКАЛНИ ВЛАСТИ. ДОДЕКА ТОЈ ГИ НАЈАВУВАШЕ ОВИЕ ВЛАДИНИ АКТИВНОСТИ НА СРЕДБИТЕ СО ГРАЃАНИТЕ КАКО ,,ПАУН“ И,,ПАУНИЦА“ СО ВИСОКО КРЕНАТИ ГЛАВИ НЕ БАРЕМ ПРИЛЕП ГО ОСЛОБОДИЛЕ, ДО НЕГО ДРЕМЕА ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ – ЦАКИО И ИВОНЧЕ БОНБОНЧЕ. ДОЛГО ГИ НЕМАШЕ ВО ЈАВНОСТА ДВАЈЦАТА. ПРИЛИКАТА ГОЛЕМА, А ПОВОДОТ УШТЕ ПОГОЛЕМ ЗА ЦАКИО КОНЕЧНО ДА ПОДИЗЛЕЗИ И КАКО ,,ГЛУВЧЕ“ ДА ЈА ПОДАДЕ ГЛАВАТА ВО ЈАВНОСТА. НЕ ЗА ДРУГО, ТУКУ ЗА ДА ГО ВИДАТ И ЧЛЕНСТВОТО И ГРАЃАНИТЕ БИДЕЈЌИ, ОСВЕН НЕГОВИТЕ ,,ОД ТАЈФАТА“ РЕТКО КОЈ МОЖЕ ДА ГО ВИДИ, ЗА ДРУГО НЕ САКАМ НИТУ ДА ПОМИСЛАМ. ОСОБЕНО НЕ ЗА ДА ИЗЛЕЗИ ОНАКА МАШКИ И ДА КАЖЕ НЕШТО ШТО ГО ЗБОРУВА ОБИЧНИОТ ПРИЛЕПЧАНЕЦ: ЗА ( НЕ )РАБОТАТА НА ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ; ЗА ПРОПУСТИТЕ И СЛАБОСТИТЕ  ВО И НАДВОР ОД ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА; ЗА КАТАСТРОФАЛНАТА СОСТОЈБА НА УЛИЦИТЕ; ЗА СКОРО ДВЕ ГОДИНИ НАЈАВУВАНАТА ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА; ЗА МОНТАЖНАТА КАТНА ГАРАЖА И ПОНУДЕНИТЕ ПРЕДИЗБОРНИ ПРОЕКТИ ВО КОМУНАЛНО ИНФРАСТРУКТУРНОТО УРЕДУВАЊЕ. А, ЗА ТОА НА КОЕ НИВО Е СИМНАТ ОВОЈ НАШ ГРАД ХЕРОЈ И ПРВОБОРЕЦ ПРИЛЕП, ДА НЕ СПОМЕНУВАМ. МНОГУМИНА МЕ УВЕРУВААТ ДЕКА ТАКА МУ БИЛ ДОГОВОРОТ НА ЦАКИО СО БОКИ И ДЕКИО. ТИЕ ДА НЕ ГО НАПАЃААТ НЕГО!!! А ТОЈ ДА НЕ ГИ НАПАЃА НИВ!!! АМА ,,ОЏАКОТ“ ДА МУ ЧАДИ ЕПТЕН ПРАВО И КОГА ИМА СИЛЕН ВЕТЕР.

 

  • И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ, БЕЗ НЕГОВАТА ВЕЧНА СЕНКА ГУЛАБО, НО СО ПРАТЕНИЦИТЕ, ДЕНОВИВЕ ГИ ПРОДОЛЖИЈА ПРЕДИЗБОРНИТЕ СРЕДБИ ВО ПОВЕЌЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА. МЕШТАНИТЕ СИ ГИ КАЖУВАА МАКИТЕ ,НО И ПРОБЛЕМИТЕ. ЛУЃЕТО ИМААТ МНОГУ ИНФРАСТРУКТУРНИ И ДРУГИ ПРОТИВРЕЧНОСТИ. СЕ ПОТВРДИ ДЕКА ИМА КОЈ ДА ГИ СЛУШНЕ. АМА НЕМА КОЈ ДА ИМ ГИ РЕШИ. ВО НЕКОИ НАСЕЛЕНИ МЕСТА БОКИО НЕ БИЛ ОД СВОЈАТА ПРЕДИЗБОРНАТА КАМПАЊА, И ТОГАШ И СЕГА ИМ ВЕТУВАЛ, АМА КУТРИ ЛУЃЕ ВО МЕЃУВРЕМЕ, ДЕЛ ОД НИВ, САМОИНИЦИЈАТИВНО СИ ГИ РЕШИЛЕ. А ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИТУ ЗНАЕЛ НИТУ ИМАЛ АБЕР. ЛУЃЕТО КОИ НА ОВИЕ СРЕДБИ БИЛЕ РЕВОЛТИРАНИ И ОД ЛОКАЛНАТА И ОД ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ. ЗАТОА ПОТПРЕДСЕДАТЕЛОТ НИКОЛОСКИ ОД КАКО ЈА РАЗБРАЛ СУШТИНАТА И РЕАЛНАТА СОСТОЈБА И ПОРАКАТА ОД НАРОДОТ БИЛ МНОГУ ЛУТ. АМА НАШИОВ ГРАДОНАЧАЛНИК БОРЧЕ ,,ИКЕБАНАТА“ МУВА НЕ ГО ЛАЗИ. ИСТО КАКО ШТО ЈА НАЈАВУВАШЕ ГРАДЕЖНАТА ОФАНЗИВА, ЕВЕ ПОВЕЌЕ ОД ГОДИНА И ПОЛОВИНА ОД НЕГОВИОТ МАНДАТ И ПЕТТИ МЕСЕЦ ОД ОВАА ГОДИНА УШТЕ МАЛКУ ЌЕ МИНЕ. ЛЕКА ПОЛЕКА, НА ПОЛА МАНДАТ ЧОВЕКОТ, ЕТЕ СО КРАЈНИ СИЛИ И СО ,,ГОЛЕМИ НАПОРИ“ НЕКАКО УСПЕА ДА ГО ПОТПИШЕ ДОГОВОРОТ СО ТЕНДЕР ПОБЕДНИКОТ ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА 60 УЛИЦИ. И НАВИСТИНА ТОА МОЖЕБИ Е МАЛ ЧЕКОР НАПРЕД, НО ГОЛЕМ ЗА ПРИЛЕПСКИОТ ЧОВЕК. НА 28.04.2023 ГОДИНА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ЗА РАБОТА Е ПОТПИШАН И ЗАВЕРЕН ОД ДАВАТЕЛОТ НА УСЛУГАТА ,,ТОПЛИНА“ ОД СЕЛО ПОДМОЛЈЕ –ОХРИД. ВО РОК ОД ЕДНА ГОДИНА ОД ДЕНОТ НА ПОТПИШУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ ТРЕБА ДА СЕ РЕАЛИЗИРА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПЛАНИРАНИТЕ 60 УЛИЦИ. А НЕ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА КАКО ШТО УБЕДУВАШЕ БОКИО. ЗНАЧИ, ДО ПОЧЕТОКОТ НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ УШТЕ МАЛКУ ЌЕ ПОПРИЧЕКАМЕ. АМА КОГА ГО ПРОЧИТАВ ИМЕТО НА ФИРМАВА ЕПТЕН МИ СЕ СТОПЛИ СРЦЕТО. МИ СЕ ВОЗОБНОВИ ВЕРБАТА ДЕКА СО ДЕБЕЛА ПО СТАНДАРД И СО ТОПЛА И КВАЛИТЕТЕНА  АСФАЛТНА ПОДЛОГА ЌЕ БИДАТ РЕКОНСТРУИРАНИ СИТЕ УЛИЦИ, ЌЕ БИДАТ ПОТПОЛНЕТИ СИТЕ УДАРНИ ДУПКИ И ПРИЛЕП, КОНЕЧНО ЌЕ ЗАЛИЧИ НА ГРАД.

 

  •  НА 7 МАЈ ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА ВМРО-ДПМНЕ ДАВА ИЗЈАВА ПРЕД РЕКОНСТРУИРАНИОТ ОБЈЕКТ НА ПС ПРИЛЕП. ЈА СЛУШАМ ИЗЈАВАВА И ТИЕ ,,САКАМ РЕЧАМ-АМА КАКО ДА КАЖАМ“. ПРЕКУ ПРАШАЛНА ФОРМА ГО ВПЕРУВААТ ПРСТОТ ВО КОМАНДИРОТ НА СТАНИЦАТА. ЗА СЛАБАТА ЕФИКАСНОСТ, ЗА РОДНИНСКИ И ЗА ПАРТИСКИ, НО НЕ И ЗА ПРОФЕСИОНАЛНИ ВРАБОТУВАЊА. И ПРЕКУ ПРАШЕЊЕ НЕ БАРЕМ НЕ ЗНААТ ВЕЛАТ: ДАЛИ ОВА НЕ Е ВИСТИНСКАТА ПРИЧИНА ЗОШТО КОМАНДИРОТ ,,ЕДИ КОЈ СИ“ ИЗБЕГНУВАЛ И НЕ ОДЕЛ НА СЕДНИЦИ НА СОВЕТОТ НА ГРАДОТ?! ДА БИДЕ ЈАСНО !!! ЈАС ЛИЧНО – ГО ПОЧИТУВАМ ПРИСТАПОТ И НАЧИНОТ НА КОЈ ОДЛУЧИЛЕ ДА ГИ ПРЕЗЕНТИРААТ НИВНИТЕ РАЗМИСЛУВАЊА И СТАВОВИ.ТОЈ Е ЛЕГИТИМЕН И ДЕМОКРАТСКИ. МЕЃУТОА, ОДГОВОР ЗА ВАКВИ ПОЛИТИЧКИ ЗАБЕЛЕШКИ МВР НЕ ДАВА. ПОРАДИ ОВА, ОВИЕ ОД ОО НА СДСМ – ПРИЛЕП МОЖЕ ДА СЕ ОДВАЖАТ И ДА ОДГОВОРАТ. АМА, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОО НА СДСМ ПРИЛЕП ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ – ЦАКИО ЗА КОНТРА ИЗЈАВА НА ОНАА ОД ВМРО-ДПМНЕ, НИТУ ПОМИСЛУВАЛ, НИТУ САКА , НИТУ ОРГАНИЗИРАЛ. ЈАС ПАК ДЛАБОКО СУМ УБЕДЕН ДЕКА НА ПАЧЕШКОСКИ НЕМАШЕ ДА И’ СЕ НАЛУТИ НА ДРУГАТА ДОГОВОРНА СТРАНА. ОСОБЕНО АКО КАЖЕШЕ ДЕКА И ЗА ВРЕМЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ИМАШЕ ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА. ВЕРУВАМ МНОГУ ПОВЕЌЕ ОТИ ВМРО-ДПМНЕ ВЛАДЕЕШЕ 11 ГОДИНИ ДЕКА СЕГА ПРИОРИТЕТ Е ПОЛИЦИЈАТА ДА БИДЕ УШТЕ ПОЕФИКАСНА, ПОМОДЕРНА, ПОСОВРЕМЕНА И ТЕХНИЧКИ ПООПРЕМЕНА. И ШТО Е НАЈАВАЖНО ЦЕЛОСНО ДА СЕ ДЕПОЛИТИЗИРА. ПА ЦАКИО АКО САКАШЕ МОЖЕШЕ ДА КАЖЕ : ЕФИКАСНОСТА ВО СУЗБИВАЊЕТО НА КРИМИНАЛИТЕТОТ ВО ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕН ОД  ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА. ВО ПОЛИЦИЈАТА ИМА ЧЕСНИ ЛУЃЕ КОИ ЧЕСНО СИ ГО ЗАРАБОТУВААТ ЛЕБОТ. МЕЃУ НОВИТЕ ВРАБОТУВАЊА ИМА И ДЕЦА НА ПОЛИЦАЈЦИ КОИ СЕ ПОДДРЖУВАЧИ НА ВМРО-ДПМНЕ. АМА ТОА НА ВМРО-ДПМНЕ НЕ ИМ Е ВО ИНТЕРЕС И НЕ ГО СПОМНАА. А ЌЕРКА МУ НА КОМАНДИРОТ ЦУЦУЛОСКИ НЕ Е СЕГА ВРАБОТЕНА. ТУКУ ВО ПРЕТХОДНИОТ ЦИКЛУС И ТОА ПО ЗАКОНСКИ ПАТ. СЕГА ГО ПРАШУВАМ ЦАКИО : ШТО Е СТРАШНО КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО НА СДСМ ДА КАЖЕШ ДЕКА, УШТЕ СО НАЗНАЧУВАЊЕТО ЗА КОМАНДИР – ЦУЦУЛОСКИ ИМА ДЕПОНИРАНА ОСТАВКА. И ТАА МОЖЕ ДА ЈА АКТИВИРААТ НЕГОВИТЕ ПРЕТПОСТАВЕНИ ВО МВР  КОГА ЗА ТОА ТИЕ ЌЕ ОДЛУЧАТ. И НА КРАЈ, АКО НЕ ПОВЕЌЕ КАКО ОДГОВОР ДА СПОМНЕШЕ ДЕКА СЛЕДАТ НЕКОЛКУ КАДРОВСКИ ПОМЕСТУВАЊА ЗА УШТЕ ПОДОБРА И ПОЕФИКАСНА РАБОТА. НА ОВОЈ НАЧИН ЦАКИО ,,ДЕТЕТО НАШЕ БУЧИНСКО“ ЌЕ ГО ОПРАВДАШ СВОЈОТ ИНТЕГРИТЕТ, ПА ОНОЈ НА ПАРТИЈАТА И НАЈВАЖНО НА ПОЛИЦИЈАТА. ПРЕД СЕ’ НА ЧЕСНИТЕ ЛУЃЕ КОИ МАКОТРПНО И ТРУДОЉУБИВО РАБОТАТ .

 

  • ДВА ДЕНА ПО ОВОЈ, СТИГНА И 9 МАЈ – ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ. ПО ТРАДИЦИЈА, „РУСКАТА МЕЧКА“ ПРИСТИГНА ВО ГРАДОВ ПРВОБОРЕЦ  ДА МУ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО НОБ. ,,МЕЧКАТА“ ДОЈДЕ, А ПРИЛЕПСКИТЕ ЗАЈАЦИ СЕ РАЗБЕГАА. НА МОГЛАТА НА НЕПОБЕДЕНИТЕ ПОКРАЈ ВИСОКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА ОД РУСКАТА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕ ПОЧИТ НА БОРЦИТЕ МУ ОДДАДОА И ДЕЛЕГАЦИИ ОД СОЈУЗОТ НА БОРЦИТЕ, ОД НЕКОЛКУ УЧИЛИШТА И ОД ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА. АМА ГИ НЕМАШЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ. НЕКОИ НА ШЕГА ВЕЛАТ ВРНЕЛО, ПА ИМ БИЛО СТРАВ ,,ДА НЕ СЕ СТОПАТ КАКО ШЕЌЕР НА ДОЖД“  И НЕ САКАЛЕ НА МОГИЛА НА ОТВОРЕНО ДА СЛАВАТ, ТУКУ САКАЛЕ ПОД ПОКРИВ НАСУВО. ЗАТОА СИ СЕДЕЛЕ ВО ФИСКУЛТУРНИТЕ САЛИ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА КИРЕ ГАВРИЛОСКИ –ЈАНЕ ВО ПРИЛЕП И КРУМЕ ВОЛНАРОСКИ ВО ТОПОЛЧАНИ СО УЧЕНИЦИТЕ И НАСТАВНИЦИТЕ ЗА ДА ГИ ОДБЕЛЕЖУВАТ НИВНИТЕ ПАТРОН ПРАЗНИЦИ . ДО ЛАНИ СО ИКЕБАНИ ВО РАЦЕТЕ ТРЧАА И ВО УЧИЛИШТАТА И НА МОГИЛА СО ДЕЛЕГАЦИЈАТА ОД РУСКАТА АМБАСАДА, АМА ГОДИНАВА НИ ГЛАС НИ „СУРАТ“ ЧОВЕК ДА ИМ ВИДИ. ОТИ ЗА ЛАНСКАТА И ПРЕД ТОА, НЕ НАМЕРНА „ГРЕШКА“ КАКО НЕ УПАТЕНИ , НА ОВИЕ НАШИ ЗАЈЧИЊА НЕКОЈ „ЛОВЏИЈА“ ТОЛКУ МНОГУ ГИ ИМАЛ ТЕГНЕТО ЗА УВЦИЊАТА, ШТО ГОДИНАВА ЗДРАВО ЗА ГОТОВО ЈА ЗЕЛЕ ОНАА НАРОДНАТА: СТРАВ ЛОЗЈЕ ЧУВА! СТРАВОТ БИЛ ТОЛКУ ГОЛЕМ ШТО ЗА ОВОЈ НАСТАН, КАКО И ЗА МНОГУ ДРУГИ, НЕ БИЛЕ ИНФОРМИРАНИ НИТУ НОВИНАРИТЕ, ЗА ТИЕ САМИТЕ ДА ОДЛУЧАТ ДАЛИ ЌЕ ГО СЛЕДАТ ИЛИ ВО КОНСУЛТАЦИИ СО СВОИТЕ РЕДАКЦИИ ДА ОДЛУЧАТ ДАЛИ, КАКО И ВО КОЈА ФОРМА ЌЕ ЈА ИНФОРМИРААТ ЈАВНОСТА. УКАЖУВАЊАТА НА КОЛЕГИТЕ ЗА ВАКВИТЕ ПРОПУСТИ СЕ ПОВТОРУВААТ И ВО ДРУГИ ПРИЛИКИ И ЗА ЖАЛ НЕ СОДЕЈСТВУВА СО ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС И НА ТРАНСПАРЕНТНОСТА НА ОПШТИНСКАТА ВЛАСТ.

 

  • АМА ЗАТОА ТАТКОТО НА ГРАДОВ БЕЗ СТРАВ И БЕЗ ДВЕУМЕЊЕ СИ СЕДНА НА ПРВИОТ РЕД ДО АМБАСАДОРОТ НА РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА ХАСАН МЕХМЕД СЕКИЗЌОК И ТОА ВО ПРИЛЕПСКАТА БИБЛИОТЕКА „БОРКА ТАЛЕСКИ“ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 80 ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА ИСТАКНАТИОТ ПОЛИТИЧАР, ДИПЛОМАТ, ВОЈНИК И РЕФОРМАТОР АЛИ ФЕТИ ОКЈАР, ПРИЛЕПЧАНЕЦ, ЕДЕН ОД НАЈБЛИСКИТЕ СОРАБОТНИЦИ НА ОСНИВАЧОТ НА СОВРЕМЕНА ТУРЦИЈА, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ КЕМАЛ АТАТУРК. ВО ПРИСУСТВО НА НА ВНУКОТ НА ОКЈАР КОЈ ГО НОСИ НЕГОВОТО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ПРОФЕСОРОТ ДОКТОР АЛИ ФЕТИ ОКЈАР, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ СО ПРЕСТАВНИЦИТЕ ОД МУЗЕЈОТ И СО ПОМОШ НА МИНИСТЕРСТВОТО НА КУЛТУРА ВЕТИЈА ДЕКА ЌЕ ВЛОЖАТ НАПОРИ И ПАРИ И ЌЕ НАПРАВАТ СПОМЕН СОБА ПОСВЕТЕНА НА ДЕЛОТО НА АЛИ ФЕТИ ОКЈАР. КАКО ШТО ТВРДАТ ИСТОРИЧАРОТ РУБИН БЕЛЧЕСКИ НОСИТЕЛ НА ОВОЈ ЗНАЧАЕН ИСТОРИСКИ ПРОЕКТ ,ОД ЗАВОД И МУЗЕЈ –ПРИЛЕП И ОД НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ПРИЛЕП МОРА И МОЖЕ. АКО БИТОЛА ЈА ИМА СПОМЕН СОБАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МОДЕРНА ТУРЦИЈА МУСТАФА КЕМАЛ АТАТУРК, ТОГАШ ПРИЛЕП ЌЕ ИМА СПОМЕН СОБАТА НА НЕГОВИОТ ПРВ И НАЈБЛИЗОК СОРАБОТНИК, ВО ДВА МАНДАТИ ПРЕМИЕР И ПРАТЕНИК НА МОДЕРНА ТУРЦИЈА АЛИ ФЕТИ ОКЈАР. САКАМ ДА ВЕРУВАМ ДЕКА ОВА СО СПОМЕН СОБАТА НЕМА ДА БИДЕ КАКО И МНОГУ ДРУГИ САМО ПРАЗНО ВЕТУВАЊЕ НА ЈОВЧЕСКИ. КОЈ ПАТЕМ САКАМ ДА СПОМЕНАМ ДОБИ ОБВРСКА ВЕТУВАЊЕ И ПАРИ ОД ПРИЛЕПСКИТЕ СТОПАНСТВЕНИЦИ И ТРЕБА ДА ГИ РЕГУЛИРА ИМОТНО ПРАВНИТЕ ОДНОСИ ЗА КУЌАТА НА ПОЗНАТИОТ ПРИЛЕПСКИ ПОЕТ ДИМИТАР ТАЛЕВ, ПРЕД ТОА ДА ГО НАПРАВАТ БУГАРСКИТЕ ПОЕДИНЦИ-БИЗНИСМЕНИ И ИНСТИТУЦИИ.

 

  • И НА КРАЈ ДАЛЕКУ ОД ПОЛИТИЧКИТЕ И ИСТОРИСКИТЕ ТЕМИ И ЛИЧНОСТИ И НИВНИТЕ ГОЛЕМИ ДЕЛА БИ САКАЛ ДА СПОМЕНАМ ЕДНА СО СМЕА ДРУГА -.А ВОЕДНО И ДА ОТВОРАМ ДИЛЕМА. ДЕНОВИВЕ ЧИТАМ НА МНОГУ ПОРТАЛИ ДЕКА ХРВАТСКИ ТУРИСТИЧКИ РАБОТНИЦИ ПРЕД ЛЕТНАТА СЕЗОНА ТИ ПЛАНИРАЛЕ И ПРОЕКТИРАЛЕ СВИНГЕР ТУРИЗАМ. ИМАЛО ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ОСОБЕНО ЗА ОВОЈ ВИД ТУРИЗАМ ВО АНГЛИЈА. ДОДЕКА ЧИТАМ И РАЗМИСЛУВАМ ДО КАДЕ ЗАМИНА СВЕТОВ И ШТО СЕ’ НЕ СЕ ПРАВИ ЗА ПАРИ И ПРОФИТ, ПОМИНУВА ЕДЕН ПРИЈАТЕЛ И МЕ ПРАШУВА : ШТО ТОЛКУ МНОГУ СИ СЕ ЗАМИСЛИЛ ?! МУ КАЖУВАМ ШТО ЧИТАВ И ШТО МИСЛАМ ЗА ТАКВИОТ ТУРИЗАМ, А ТОЈ ИРОНИЧНО МИ СЕ СМЕЕ И МИ ВЕЛИ: ВИ СЕ ЧУДАМ НА УМОТ И ТЕБЕ И НА ОВИЕ ХРВАТСКИ ТУРИСТИЧКИ РАБОТНИЦИ. ЌЕ РАЗВИВАЛЕ СВИНГЕР ТУРИЗАМ!!! И ВЕЛИ:АБЕ ВАС ЕПТЕН ВЕ ИЗГАЗИЛО ВРЕМЕТО. ГО ГЛЕДАМ ЗАЧУДЕНО И ГО ПРАШАУВАМ -ЗОШТО?!? МАЛКУ СЕ ПОДЗАМИСЛУВА, КАКО ДА САКА ДА МИ КАЖЕ-КАКО ДА САКА ДА ПРЕМОЛЧИ, И ВЕЛИ:ПА СВИНГЕР ДРУЖБИ ВО НАШ ОРЕВОЕЦ СЕ ОРГАНИЗИРАА ПРЕД НЕКОЛКУ ГОДИНИ. ЗА ТОГАШ ЗНАМ, ЗА СЕГА НЕЗНАМ И ДОДАВА: ТОА МУ ДОАЃА КАКО СЕЛСКИ ТУРИЗАМ. А ХРВАТИВЕ САКААТ ДА ПРАВАТ МОРСКИ СВИНГЕР ТУРИЗАМ. ПОРАДИ ТОА, ХРВАТСКИ ТУРИСТИЧКИ РАБОТНИЦИ НЕ ТРЕБА ДА ПРАВАТ ПЛАНОВИ И ПРОЕКТИ. НЕКА ДОЈДАТ ВО ПРИЛЕП, ЌЕ ГИ УПАТАМ КАЈ ПРАВИОТ ЧОВЕК И НА ПРАВАТА ЛОКАЦИЈА И ГОТОВА РАБОТА. ГО ГЛЕДАМ СО ИЗНЕНАДУВАЊЕ И СО НЕВЕРУВАЊЕ ШТО ЗБОРУВА . ГО ПРАШУВАM: ПРИЈАТЕЛЕ – ДА НЕ ПРЕТЕРУВАШ СО МУАБЕТОВ?! А ТОЈ ОТСЕЧНО И БРЗО МИ ОДГОВАРА:100 ПОСТО Е ТОЧНО!!! „ВО ДРУГА ПРИЛИКА“ ВЕЛИ,„ ЌЕ ТИ КАЖАМ, КОЈ,КАДЕ И КАКО СЕ’ ИМА ОРГАНИЗИРАНО И УЧЕСТВУВАНО ВО ТАА СВИНГЕР ОРЕВОЕЧКА ДРУЖБА.“

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе