ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (50)

1.730

Пишува: Зоран Момироски

  • МНОГУ СОЛЗИ ВО СРЕДАТА СЕ ИЗЛЕАЛЕ ВО ПРИЛЕПСКАТА ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА. НЕВЕСТАТА КАКО ОД ЦЕРЕШНА ОД МАЈКА  СЕ ОДДЕЛУВАШЕ. НАЈМНОГУ ОД РАДОСТ, А МНОГУ МАЛКУ ОД ЖАЛ ШТО НАЈГЛАВНАТА ОД ГЛАВНИТЕ ВО ОВАА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА ЗАМИНУВА ВО ПЕНЗИЈА. ЗА ОНИЕ КОИ ПЛАЧЕА И СЕ РАДУВАА ОД НЕЈЗИНОТО ЗАМИНУВАЊЕ ГОЛЕМО ОЛЕСНУВАЊЕ. ЗА НЕЈЗИНИТЕ НАЈБЛИСКИ, ТАГА И БОЛКА ВО ДУШИТЕ. НА СВАДБАТА НАЈМНОГУ СВАЌИ, А ПОМАЛКУ СВАТОВИ. ТИ ИМАЛО И НАРЕДБА: ГЛАВНИТЕ И ОДГОВОРНИТЕ СЕСТРИ ЗА СВАДБАВА ТРЕБАЛО ДА ДАДАТ ПО 500 ДЕНАРИ, А ЗА АДМИНИСТРАЦИЈАТА ПО 100 ДЕНАРИ. ЗА ПРВИТЕ, ПАРИТЕ ПО ЕВРОПСКИ ТЕРК – ВО ПЛИК, ЗА САМАТА ДА СИ ГО ИЗБЕРЕ НАЈУБАВИОТ  ПОДАРОК  КОЈ ЌЕ ЈА ПОТСЕТУВА НА ВРЕМЕТО КОГА СО ВРЕЌИ ИЗНЕСУВАШЕ ОД БОЛНИЦАТА СЕ’ ШТО И’ ТРЕБА!!! А ОВИЕ ОД АДМИНИСТРАЦИЈАТА СО ПОСКРОМНИ ПЛАТИ РЕШИЛЕ ДА И’ ПОДАРАТ ЦВЕЌЕ И ИКОНА, ЗА АКО ИМА ПОТРЕБА  ДА СЕ МОЛИ ЗА НАПРАВЕНИТЕ ГРЕВОВИ. АМА И ЗА ЗДРАВЈЕ, ОТИ ПРИВАТНО СИ ПЛАНИРА БИЗНИСОТ ДА СИ ГО ТЕРА. НА СВАДБАТА БИЛЕ ПОКАНЕТИ ДУРИ И СТРУЧНИ ЛИЦА ОД СРЕДНОТО СТРУЧНО УЧИЛИШТЕ БИДЕЈЌИ  ИМАЛА ГОЛЕМА СОРАБОТКА НА ,,НАУЧЕН СТРУЧЕН“ ПЛАН. ИМАЛО И ДОКТОРИ. НЕ ЗНАМ ДАЛИ БИЛ ПОКАНЕТ И ПРИСУТЕН НЕКОЈ ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО КОЕ РЕДОВНО ЈА СЛЕДЕЛО НА КАМЕРИ И ГЛЕДАЛО КАКО ВО САБОТИТЕ НАУТРО  ГО „РАСЧИСТУВА“ БОЛНИЧКИОТ МАГАЦИН СО КОЈ ШТО РАСПОЛАГАЛА, А СЕГА ОПНУВАЛА ДА НЕМА ПОПИС И ПРИМОПРЕДАВАЊЕ.  ЗА ЖАЛ, НЕ БИЛЕ СООДВЕТНО ТРЕТИРАНИ И ОНИЕ ОД ПОРАНЕШНИОТ ЗДРАВСТВЕН ДОМ-УРЕДОТ. ОТИ НА ГЛАВНАТА НА ГЛАВНИТЕ ВО БОЛНИЦАТА НЕ И’ БИЛЕ МНОГУ ,,СИМПАТИЧНИ“. МНОГУМИНА ВЕЛАТ ДЕКА ДУРИ И МНОГУ СТРУЧНИ И ХРАБРИ ДОКТОРИ СО ЗВАЊЕ ПРИМАРИУС, НА ВАКОВ НАЧИН НЕ БИЛЕ ИСПРАТЕНИ ВО ПЕНЗИЈА. СПОРЕД НАЧИНОТ НА ИСПРАЌАЊЕ ПО СЕ’ ИЗГЛЕДА ЗА НАЈГЛАВНАТА НА ГЛАВНИТЕ ВО БОЛНИЦАТА ТИЕ БИЛЕ „ГОЛА ВОДА“!!! ДО СРЕДАТА БЕВ СКЕПТИК ДЕКА „ГОЛЕМИОТ ВОЈНИК“ НА СДСМ НА КОЈА БОЛНИЦАТА И’ ЗНАЧЕШЕ  ЖИВОТ И ТОА  СПОКОЕН, ГОЛЕМ И УБАВ Е ЗАВРШЕНА РАБОТА. ОСОБЕНО ШТО ТОЈ ЖИВОТ БЕШЕ ИСПОЛНЕТ И СО ЉУБОВ И СО СРЕЌА. И ДЕКА ТАА ТОЛКУ МНОГУ ЌЕ  ПРИДОНЕСЕ ЗА ДА И’ НАШТЕТИ  НА ПАРТИЈАТА ШТО ЗДРАВСТВЕНИТЕ  РАБОТНИЦИ ОД  ДРУГА ОПЦИЈА ВО СВОЈА КОРИСТ НЕ ЌЕ ТРЕБА НИ СО МАЛИОТ ПРСТ ДА МРДНАТ. АМА СЕГА МИСЛАМ ДЕКА ОПТИМИЗМОТ НА ОВОЈ ПАТ  ЕПТЕН МНОГУ МИ СЕ ВРАТИ ШТО ОСТАВАМ ПРОСТОР ВРЕМЕТО ДА ПОКАЖЕ ,,БОНИ И КЛАЈД“ ЗАМИНАА ВО ПЕНЗИЈА!?!

 

  • НОВАТА УГОСТИТЕЛСКО ТУРИСТИЧКА МАНИФЕСТАЦИЈА ,,ВИКЕНД ПИВО“ СЕПАК ДОБРО ПОМИНА. КАКО МОЖЕ И АКО СКРОМНО ДА НЕ ПОМИНЕ КАКО ШТО ТРЕБА КОГА МИЦКОСКИ ГИ ЗАСУКАЛ  РАКАВИТЕ И РЕШИ ВО ПРЕДИЗБОРНА ГОДИНА ТРАДИЦИЈАТА ОД ,,ПИВО ФЕСТ“ ДА СЕ ПОДЗАБАВИ, АМА ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ. ПА ЗАТОА И ТОЈ ДОЈДЕ  ЛИЧНО ДА СЕ УВЕРИ ВО ТОА. АМА ДА НЕ БИДЕ ЕПТЕН САМО ЗА ТОА, СЕ ИЗМИСЛИ  ДЕКА ВО ГРАДОТ Е ВО ,,ПРОТОКОЛАРНА“ ПОСЕТА. ДАЛЕКУ ОД ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ ВО ТИПСКАТА НАСЕЛБА ВО НЕГОВО ПРИСУСТВО ДАВА ИЗЈАВА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ  БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ: УВЕРУВА ДЕКА НАЈАВЕНАТА ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА СО РЕКОНСТРУКЦИИ НА 60 УЛИЦИ ПРОДОЛЖУВА. РАБОТАТА ТИ СТИГНАЛА, СПОРЕД ,,ИКЕБАНАТА“ НИ ПОВЕЌЕ, НИ ПОМАЛКУ ТУКУ ДО ПОЛА. ПОТОА БОКИО ВЕЛИ ДЕКА ЗА СИТЕ ПРВАЧИЊА СЕГА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ОБЕЗБЕДИЛА ,,ЕКО ПОЈАДОК“. ПА НА КРАЈ, КАЖА ЕТЕ, И ЗА  ,,ВИКЕНД ПИВОТО“. АМА ЗАБОРАВИ ДА СПОМНЕ ЗА ЏЕЗ ФЕСТИВАЛОТ КАКО И  ЗА ФЕСТИВАЛОТ НА МЛЕКОТО И МЛЕЧНИТЕ ПРОИЗВОДИ. ДО НЕГО КАКО ,,ДРВЕНА МАРИЈА“ ДРЕМИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ И КООРДИНАТОР НА ПРИЛЕПСКИОТ КОМИТЕТ  ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ. НИ ДА ТРЕПНЕ НИ ДА КЛЕПНЕ. А КАКО СТРОГ ПРОФЕСОР ЗАД НЕГО СТОИ МИЦКОСКИ И ГО СЛУША БОРЧЕ. А ЗАД НИВ СЕГА ВО СВОЈСТВО НА ,,РОДИТЕЛ“ КОЈ СЕ ПЛАШИ ДАЛИ ПРВАЧЕТО  ПРАВИЛНО ЌЕ ЈА ИЗРЕЦИТИРА  ПЕСНИЧАТА ГО СЛУША НЕГОВИОТ ДРУГАР ИГОР ГУЛАБОСКИ, ДИРЕКТОРОТ ОД ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА.

 

  • ИСТОВРЕМЕНО ВО ДРУГА ПРИЛИКА, ПОЧЕТОК ЗА УЧЕБНАТА ГОДИНА  ИЗЈАВА ДАВА И СО ВНИМАНИЕ ГО СЛУШАМ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА  КАВАДАРЦИ МИТКО ЈАНЧЕВ. И ТОЈ Е КАДАР НА ВМРО-ДПМНЕ И НАШИОВ Е ОД ВМРО-ДПМНЕ. АМА ЧОВЕКОТ ГРАДОТ ГО НАПРАВИ НАВИСТИНА УРЕДЕНА  ЕВРОПСКА ЦЕЛИНА. МИТКО КАЖУВА ДЕКА ЗА СИТЕ УЧЕНИЦИ ДО ПЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ ОПШТИНАТА КАВАДАРЦИ ОБЕЗБЕДИЛА КВАЛИТЕТЕН  ДНЕВЕН ОБРОК, А ГИ ПОКАНИ СИТЕ УЧЕНИЦИ ЗА БРЗО ДА ГО КОРИСТАТ И ДА РЕКРЕИРААТ ВО ЗАТВОРЕН ГРАДСКИ БАЗЕН. СЛУШАМ И СИ ВЕЛАМ: ДО КОЕ ДЕРЕЏЕ СМЕ СТИГНАЛЕ?! ЗАТОА ПРЕДЛАГАМ ПО ПРЕДХОДНИОТ И СЕГАШНИОТ ДОКТОР  ОРТОПЕД  УБАВО Е ДА СИ ИЗБЕРЕМЕ ЗА УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ ДОКТОР ОРТОПЕД ЗА СЕГАШНАТА ,,ЛОНГЕТА“ КОАЛИЦИЈА  ДА БИДЕ УШТЕ ПОСИЛНА!

 

  • КОГА ВЕЌЕ ГО СПОМЕНАВ ПРИЛЕПСКИОТ ШЕФ НА ОК НА ВМРО – ДПМНЕ, ТОЈ ПО ВИКЕНД ПИВОТО ЗАМИНАЛ ВО БЕЧИЧИ. ДОБРО Е ШТО НЕ ПОШОЛ ПО ГРЕШКА ВО ИЧИЧИ. ВО БЕЧИЧИ И ТОА НА СЕМИНАР ,,ЈАКИ ГРАДОВИ-СИЛНИ БАЛКАНСКИ РЕГИОНИ“. САМО ШТО ОБЈАВИ СЛИКА НА СВОЈОТ ФБ КАНОНАДА ОД РЕАКЦИИ. ТОЛКУ СИЛНИ, ШТО ПРОДАНЧЕВО БЕШЕ ПРИНУДЕН ВЕДНАШ ОБЈАВАТА ДА ЈА СИМНЕ ОД ПРОФИЛОТ. А СО ТОА ДА ГИ ИЗБРИШИ И РЕАКЦИИТЕ НА ПРИЛЕПЧАНИ КОИ ЗНААТ КОЛКУ Е ПРИЛЕП СИЛЕН, А РЕГИОНОВ ВО ПОСЛЕДНИВЕ СЕДУМ ГОДИНИ ЕПТЕН „И СИЛЕН И РАЗВИЕН“ БЕЗМАЛКУ ИСТО КАКО И МНОГУ ДРУГИ. ПРВО Е ДОБРО – ЕТЕ КАКО ОПШТИНА СМЕ ПРИСУТНИ НА ВАКВИ РЕГИОНАЛНИ СЕМИНАРИ. АМА, УШТЕ ПОДОБРО ЌЕ БИДЕ АКО БАРЕМ ДЕЛ СЕ ПРИМЕНАТ  ВО ПРАКСА – ИСКУСТВА ОД ЈАКИТЕ И СИЛНИТЕ, А НЕ САМО ДА СЕ БИДЕ НА ВАКВИ СРЕДБИ ДА СЕ СЕДИ И ОД ЕДНОТО УВО ДА ВЛЕГУВА, А ОД ДРУГОТО ДА ИЗЛЕГУВА. ТОГАШ ГРАДОТ, ГРАЃАНИТЕ И РЕГИОНОТ ЌЕ ГО ВИДАТ БЛАГОДЕТОТ. Е ТОА Е ПАТРИОТИЗАМ, А НЕ СО ТРГАЊЕ НА ТАБЛИ КАДЕ ШТО ПИШУВА ОД КОЈА ДРЖАВА ДОАЃАШ. НО ЕДНО Е  СИГУРНО – АКО НЕ ВО РАЗВОЈ И ЈАЧИНА ТОГАШ  ПРЕКУ ДЕКИО НА ОВОЈ СЕМИНАР СМЕ ПРЕТСТАВЕНИ КАКО ЕДНИ ОД ,,НАЈОПНАТИТЕ“ ФУНКЦИОНЕРЧИЊА НА ОПШТИНСКО И РЕГИОНАЛНО  НИВО. НА КРАЈ, ПРЕКУ РАБОТА И РЕЗУЛТАТИ  СЕ ДОКАЖУВА ГОЛЕМИНАТА НА ОНИЕ КОИ СЕ ПОСТАВЕНИ НА ФУНКЦИЈА, А НЕ ПРЕКУ ,,ОПНАТОСТ“ ПРЕКУ ,,АРОГАНЦИЈА“ И НЕДОСТАПНОСТ. ОВА ВАЖИ И ЗА ДРУГИВЕ ВАЖНИ, А БИ РЕКОЛ И ЛАЖНИ ФАЦИ ОД СДСМ. КОГА СУМ КАЈ ДЕКИОВ ЕВЕ ЈАВНО ДА ГО ПРАШАМ: ,,ИКЕБАНАВА“ СЕ ПОФАЛИ КАЈ ТИПСКИТЕ НА ПРЕСОТ СО МИЦКОСКИ ЗА ВОДОВОДОТ  ВО КАНАТЛАРЦИ!!! АМА НЕ КАЖАВТЕ КАКО ТИ ПОМИНА  СО МЕШТАНИТЕ ВО ОВА НАСЕЛЕНО МЕСТО? МИЦКОСКИ ТЕ КУРТУЛИЛ, ВЕЛАТ, ВО КАНАТЛАРЦИ. БИДИ МУ БЛАГОДАРЕН И НЕ ЗАБОРАВАЈ ЈА НЕГОВАТА  ДОБРИНА.

 

  • ДЕКА РАБОТАТА Е ТРГНАТА ВО НЕПОВРАТ МИ ПОТВРДУВА ЕДНА ФБ КОМУНИКАЦИЈА КОЈА ЈА ВОДАТ  ДВАЈЦА ПОЗНАТИ  ПРИЛЕПСКИ  ЧЛЕНОВИ НА СДСМ НА ТЕМА – ЦАКИО. ЕДНИОТ МУ ПИШУВА НА ПЕЛАГОНИСКИОТ  КООРДИНАТОР НА СДСМ АЛЕКСАНДАР ЦУЦУЛОСКИ ОД БИТОЛА: НАШИОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, МИСЛИ НА ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ – ЦАКИО, НАЈМНОГУ ШТО ДОСЕГА ИМА  СРАБОТЕНО  Е САМО ЛИЧНИОТ ИНТЕРЕС. КООРДИНАТОРОТ БАРА ПРИМЕРИ ЗА АРГУМЕНТИРАЊЕ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ. ЗА ПОТОА, НА ОВА ОВОЈ АЛЕКСАНДАР ЦУЦУЛОСКИ ДА МУ ОДГОВОРИ НА ЧЛЕНОТ НА СДСМ: БРАТ, НЕ ГО ПОЗНАВАТЕ ЦАКИО! ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ  Е СПРЕМЕН ДА ЈАДИ САМО ЛЕБ И МАРГАРИН ЗА ПАРТИЈАТА. ТОЈ, МИСЛИ НА ЦАКИО, Е СПРЕМЕН И ДА СЕ САМОРАЗНЕСИ ЗА СДСМ! ЈА ЧИТАМ ОВАА КОМУНИКАЦИЈА И НЕ МОЖАМ ДА ПОВЕРУВАМ ШТО ПИШУВА ЕДЕН КООРДИНАТОР НА РЕГИОН. САМ ВО СЕБЕ СИ ПОСТАВУВАМ ПРАШАЊЕ: КОЈ КОГО ПРАВИ БУДАЛА ВО ОВАА КОМУНИКАЦИЈА?! АЛО, КОМУНИКАЦИЈА ВО 21 ВЕК!!! ПА УШТЕ ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР НА ТУТУНСКИ КОМБИНАТ  БИЛ СПРЕМЕН ДА ЈАДЕЛ ЛЕБ И МАРГАРИН ЗА ПАРТИЈАТА И КАКО МУЏАХЕДИН ДА СЕ САМОРАЗНЕСЕ ЗА СДСМ?!?! ОВДЕ НЕДОСТИГА УШТЕ ТОА ЗА ОВОЈ АЛЕКСАНДАР  ДА КАЖЕ ПО ЧИЈА НАРЕДБА ЦАКИО БИ ОБЛЕКОЛ ЕКСПЛОЗИВЕН ЕЛЕК, БИ ГО АКТИВИРАЛ И БИ СЕ САМОРАЗНЕСОЛ…

 

  • НА ПОЧЕТОКОТ ОД УЧЕБНАТА ГОДИНА ПРИСТИГНА ЈАВНО СООПШТЕНИЕ: УЧЕНИЦИТЕ ДА НЕ НОСАТ И ДА НЕ КОРИСТАТ МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ. ЌЕ МУ БИЛЕ ОДЗЕМЕНИ АКО ПОСТАПАТ СПРОТИВНО НА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕТО И ЌЕ МУ БИДАТ ВРАТЕНИ НА КРАЈОТ ОД ТЕКОВНАТА УЧЕБНА ГОДИНА. НЕ БИ БИЛЕ ТОА ШТО СМЕ, АКО НЕМАШЕ РЕАКЦИИ И НА ОВА СООПШТЕНИЕ. ПА ЈАВНО НА СОЦИЈАЛИВЕ МРЕЖИ ПОЧНАА ДА СЕ ПОСТАВУВААТ ПРАШАЊА ОД ТИПОТ: КОЈ ЌЕ МУ ГИ ОДЗЕМИ ТЕЛЕФОНИТЕ НА УЧИТЕЛИТЕ, НАСТАВНИЦИТЕ И ПРОФЕСОРИТЕ КОИ ОД КАКО ЌЕ ЈА ЗАДАДАТ ПИСМЕНАТА  РАБОТА ИЛИ ТЕСТОТ СИ ЛАЈКААТ, СИ ПИШУВААТ И СИ СЕ ДОПИШУВААТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ?!? ИМАШЕ И ДРУГИ КОМЕНТАРИ СО СОВЕТИ: АКО МУ ГО ОДЗЕМАТ МОБИЛНИОТ НА ДЕТЕТО РОДИТЕЛИТЕ СО ПОДЛАБОК ЏЕБ МОЖАТ ДА МУ КУПАТ И ДРУГ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН. ПА ИМАШЕ И ТАКВИ ДЕКА УЧИЛИШТАТА СЛОБОДНО МОЖАТ ДА ГИ ПРЕТВОРАТ  ВО МОБИЛАРИ. ЕДЕН, ИЛИ КАКО НИЕДЕН, НЕ НАПИША, ДЕКА АКЦИЈАТА Е ОПРАВДАНА И ВО ИНТЕРЕС НА УЧЕНИЦИТЕ И НА НАСТАВНИОТ ПРОЦЕС. КАКО НИТУ ЕДЕН НЕ НАПИША ДЕКА ЗА ВАКОВ ПРОБЛЕМ ВО РАЗВИЕНИТЕ ЗЕМЈИ НИТУ НЕКОЈ ДИСКУТИРА, НИТУ НА НЕКОЈ МУ  ПАЃА НА ПАМЕТ  УЧЕНИК ДА КОРИСТИ ТЕЛЕФОН ВО ТЕК НА НАСТАВА. А  УШТЕ ПОМАЛКУ ДА ЗАПОЧНЕ УЧЕБНА ГОДИНА ВО УЧИЛИШТЕ КАДЕ НЕ СЕ ВО ФУНКЦИЈА ТОАЛЕТИТЕ ЗА УЧЕНИЦИ!!!

 

  • ЈКП КОМУНАЛЕЦ ЕПТЕН МНОГУ  СЕ ПОФАЛИ ДЕКА ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ,,ВИКЕНД ПИВО“ ЕКСПРЕСНО ГО ИСЧИСТИЛ ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ. СОБРАЛЕ И НА ДЕПОНИЈА ТРАНСПОРТИРАЛЕ 40 МЕТРИ КУБНИ МЕШАН КОМУНАЛЕН ОТПАД. И ОВА НЕ МОЖАМ ДА ГО РАЗБЕРАМ. ЗАМИСЛЕТЕ ЈКП КОМУНАЛЕЦ СЕ ФАЛИ ШТО ГО ИСЧИСТИЛ КОМУНАЛНИОТ ОТПАД ОД ,,ПИВО ВИКЕНД“?! АЈДЕ,  ПРИМЕР, ДОБРОВОЛНО СЕ СОБРАЛЕ ЕКОЛОГИСТИ, ПА ДОБРОВОЛНО ГО  ЧИСТЕЛЕ ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ, РАЗБИРАМ ДА СЕ ПОФАЛАТ. ТОА ДА ГО НАПРАВЕЛЕ  САМОИНИЦИЈАТИВНО ГРУПА ГРАЃАНИ, И ТОА ГО РАЗБИРАМ И Е ЗА ПОФАЛБА. АМА ЧОВЕК ДА ВЛЕЗИ ВО СЛАТКАРНИЦА И СЛАТКАРНИЦАТА ДА СЕ ПОФАЛИ ДЕКА УСЛУЖИЛА И ТОА ЗА ПАРИ ПОТРОШУВАЧ  СО СЛАТКО – Е ТОА НЕ МОЖАМ НИКАКО ДА ГО РАЗБЕРАМ! СТАНА ПРАКТИКА И ОД СТРАНА НА КАДРИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ И ОД СДСМ ДА СЕ ФАЛАТ ДЕКА ЗАВРШИЛЕ НЕШТО ШТО ИМ Е ОСНОВНА ДЕЈНОСТ НА РАБОТА. ПА УШТЕ КОГА ЌЕ СЕ ОБРАЌААТ ДО ЈАВНОСТА И ПОЧНУВААТ: КАКО НИКОГАШ  ДОСЕГА – ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ РЕШИ ДА ГО ОТСТРАНИ ДЕФЕКТОТ НА СЕМАФОРИТЕ. КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА – ВЛАДАТА ЗАБРЗАНО РАБОТИ ДА БИДЕ РЕАЛИЗИРАН ПРОЕКТОТ АВТОПАТ ИЛИ ЕКСПРЕСЕН  ПАТ  ГРАДСКО-ПРИЛЕП. ГОСПОД  ДА НЕ’ ЧУВА ОД БЕТЕР!!!

 

 

 

 

 

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе