ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (59)

1.070

Пишува Зоран Момироски 

  • ХРИСТИЈАН  МИЦКОСКИ ЛИДЕРОТ  НА ВМРО-ДПМНЕ РЕШИ ПРИЛЕП ДА ГО ПОСЕТИ НА ЗАДУШНИЦА И ОД СВОИТЕ ЧЛЕНОВИ И ПОДДРЖУВАЧИ ПОБАРА 61 ПРАТЕНИК НА ПРЕТСТОЈНИТЕ  ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ. ЗА ПОБЕДА ВЕТИ 34 МИЛИОНИ ЕВРА ВО 4 ГОДИНИ ЗА ГРАДОТ. ТОА ЗНАЧИ: ПОЧЕКАЈТЕ ДО ИЗБOРИ, ПА ЌЕ ВИДИТЕ КАКО БОКИО ЌЕ ГИ ЗАСУЧИ РАКАВИТЕ И ЌЕ ПОЧНИ ДА РАБОТИ. НА МИНИ ВЕЧЕРНИОТ МИТИНГ ПРЕД САЛА МАКЕДОНИЈА ОД ПРЕД ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА СИМБОЛИЧНО  НАЈАВИ  ГОЛЕМИ  РЕВОЛУЦИОНЕРНИ  ПРОМЕНИ. НА ОВОЈ МИНИ МИТИНГ НА КОЈ ПРИСУСТВУВАА САМО НАЈДОВЕРЛИВИТЕ,OTИ ЗА ПОГОЛЕМО ПРИСУСТВО ВЕРОЈАТНО НЕКОЈ СЕ ПЛАШЕШЕ, ОТИ КАКО ВО СДСМ ТАКА И ВО ВМРО-ДПМНЕ, ИМА НЕЗАДОВОЛСТВО ПРЕД СЕ’ ОД ОНА ШТО ГО ИМА СРАБОТЕНО И ВЕТЕНО ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ. ПА, НА ОВОЈ МИНИ МИТИНГ МУ ПРЕТХОДЕА И СРЕДБИ СО ЦЕЛНИ ГРУПИ. МИЦКО, СО ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ, СЕДНА  И НА ПО ЕДНА ПИЈАЧКА ВО ЕДЕН ПРИЛЕПСКИ КАФИЧ , СО НЕКОЛКУМИНА МЛАДИ МНОГУ ЗАДОВОЛНИ ОД ПАРТИЈАТА ОТИ НЕЗАДОВОЛНИТЕ МОЖАТ НЕПРИЈАТНО ДА ИЗНЕНАДАТ. ВО ПРИЈАТНА АТМОСФЕРА, ОПУШТЕНО,  СЕКОЈА, ПА И ОВАА ПОСЕТА ТРЕБАШЕ  ДА БИДЕ КАКО ПО ФИЛМСКО СЦЕНАРИО СО СРЕЌЕН КРАЈ, НАРОД  ДА ВИДИ И ДА ЗАВИДИ. АМА И МИЦКОСКИ И НИКОЛОВСКИ ЗНААТ КОИ РЕЗУЛТАТИ ГИ ПОКАЖАА ЛОКАЛЦИТЕ И СО КОЈ ,,ОБРАЗ“ И ТИЕ ВЕТУВАА, АМА ОВИЕ НАШИВЕ НЕ ИСПОЛНУВАА. ГО ЛАЖЕА И МУ ВЕТУВАА И НА МИЦКО, А ТОЈ ПРЕКУ ИЗЈАВИ НА ГРАЃАНИТЕ, ВО ЕДНА ОД МИНАТИТЕ КОЛУМНИ МУ ПОРАЧАВ, ПОЧЕСТО ДА БИДЕ ВО ПРИЛЕП АКО САКА НЕШТО ДА БИДЕ. АМА ТОЈ ШТО  ОД ПРЕЗАФАТЕНОСТ, ШТО ОД ГОЛЕМИ ПОЛИТИКИ НЕ МЕ ПОСЛУША НИТУ МЕНЕ, НИТУ ОНИЕ КОИ МУ СУГЕРИРАА ДА СЕ ВЛОЖИ САМ СЕБЕ ЗА ПОДОБАР И ПОПРИСТОЕН ПРИЛЕП.

 

  • КАЈ НЕМА ШТО ДА МУ ПОКАЖАТ НА МИЦКОСКИ, КАЈ НЕМА СО ШТО МНОГУ, МНОГУ ДА СЕ ПОФАЛАТ ЛОКАЛЦИВЕ,  ПРИ  УТВРДУВАЊЕТО НА АГЕНДАТА ТИ ИМАЛО ЕПТЕН ГОЛЕМИ ,,ОПИНАЊА“ ШТО ДА ПОСЕТИ И НОВО ДА ВИДАТ МИЦКОСКИ И НИКОЛОСКИ. САМО ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ИЛИ И ООУ „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“. ЗА ВТОРОВО, МИСЛАМ НА ОБРАЗОВНАТА ИНСТИТУЦИЈА, НЕ ДЕКА НЕМА ШТО ДА СЕ ВИДИ И ГРАДОВ ДА СЕ ПОФАЛИ, АМА НАЈВЕРОЈАТНО ЗА НЕКОЈ УПЛАШЕН  ВО ПАРТИЈАТА ПО СЕ’ ИЗГЛЕДА ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ МУ БИЛ ДИРЕКТОРОТ НА УЧИЛИШТЕТО АХИЛ ЈАКОВ. ОТИ, ТОЈ Е ЧОВЕК ОД АКЦИЈА И Е ЕСНАФ  ЧОВЕК. ИМА  И РЕЗУЛТАТИ, АМА ДОКОЛКУ  МИЦКО ГО ПОСЕТИ  УЧИЛИШТЕТО ВЕРОЈАТНО ЌЕ БИЛО ЕПТЕН МНОГУ, ОСОБЕНО ШТО УЧИЛИШТЕТО Е УБАВО СРЕДЕНО И УРЕДЕНО ПО ВИСТИНСКИ ЕВРОПСКИ ТЕРК. Е ,ПА ТОКМУ ТОА, ТОКМУ МИЦКО НАВИСТИНА НЕ МОРА И НЕ ТРЕБА  ТОА  ДА ГИ ВИДИ! СЕПАК, МИЦКО НЕ ПОДЛЕГНА НА ЛОКАЛНИТЕ „ИГРИ“ И ГО ВИДЕ УЧИЛИШТЕТО ПРИ ШТО ИЗРАЗИЛ ЗАДОВОЛСТВО ОД ОНА ШТО Е НАПРАВЕНО. АМА,  ЗА ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ПРОБЛЕМ НЕМА. ТАМУ Е ДИРЕКТОР ИГОР ГУЛАБОСКИ, ПРВ  ДРУГАР НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ. ГУЛАПЧЕТО НА БОКИО МУ  Е НАЈБЛИЗОК, АМА И ЧОВЕК ОД НАЈГОЛЕМА ДОВЕРБА. ДУРИ НЕКОИ ТВРДАТ СИ СЕ ДРУЖЕЛЕ И КАДЕ ТРЕБА И КАДЕ НЕ ТРЕБА. НЕ ЗА НЕШТО ДРУГО,  ТУКУ  ЕДНОСТАВНО,  ЕТЕ,  БОКИО СИ Е СИГУРЕН ВО НЕГО И СО НЕГО. СИ САКА ЧОВЕКОТ ГУЛАБЧЕТО ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ ДА БИДЕ  ДО НЕГО. ТОА МУ ДОАЃА КАКО ОНА – ИСКУШЕНИКОТ ВО МОНАШКОТО БРАТСТВО СИ ИМА СВОЈ ДУХОВЕН „ОТЕЦ“.

 

  • НО, КАКО И ДА Е ВО СЛУЧАЈОВ ТИ ИМАЛО И ШТО ДА МУ БИДЕ ПОКАЖАНО НА МИЦКОСКИ. НОВА СКАДА, СИСТЕМ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ДОТОКОТ И ПОТРОШУВАЧКАТА И ДЕФЕКТИТЕ ШТО СЕ ПОЈАВУВААТ ВО ГРАДСКАТА ВОДОВОДНА МРЕЖА. ЛИДЕРОВ МИЦКОСКИ ВИДНО ВООДУШЕВЕН ДАВА ИЗЈАВА – СИСТЕМОТ Е ТОП. ОВА Е МАЛО ЧУДО И ПРИЛЕП НЕМА ДА ИМА ПРОБЛЕМ  СО  ВОДА. ИНАКУ,  ИНВЕСТИЦИЈАТА  БИЛА 7 МИЛИОНИ И 900 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ, ИЛИ 128 ИЛЈАДИ ЕВРА. ВО ИНТЕРЕС НА ВИСТИНАТА ЗА ОВА ВРЕМЕ И НЕ Е МАЛ ФИНАНСИСКИ ЗАФАТ. НО, ОД МОЕТО НОВИНАРСКО СЕЌАВАЊЕ  ЗА ОВОЈ СИСТЕМ НЕШТО МИ БЕШЕ ЈАСНО – АМА ДО КРАЈ НЕ ДЕФИНИРАНО – СКАДА СИСТЕМ?! ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА -ПРИЛЕП?! БИДЕЈЌИ, МНОГУ ОД ПЛАТЕНИВЕ  ХРКАЧИ, ХРКААТ И ПЛУКААТ НЕБАРЕМ СЕ СРЕДЕ СЕЛО, ОСОБЕНО  ПО  ИСТРАЖУВАЧКОТО НОВИНАРСТВО, НАПРАВИВ  УШТЕ ЕДНО МАЛО СКРОМНО ИСТРАЖУВАЊЕ И ПОТСЕТУВАЊЕ. ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА СКАДА СИСТЕМ ИМАЛ УШТЕ  ВО 2012 ГОДИНА. ЗА ЕДЕН ЛОКАЛЕН ВЕСНИК, ХОЛАНДСКИОТ ЕКСПЕРТ ВО АВГУСТ ИСТАТА ГОДИНА, НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ЌЕ ИЗЈАВИ: СО ПРОМЕНА НА ВОДОМЕРИТЕ И СО НАЈСОВРЕМЕНИОТ СКАДА СИСТЕМ ОВА ЈАВНО КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ  Е ПРИМЕР И УЧЕБНИК ЗА УШТЕ ОСУМ ДРУГИ ЈКП ОД ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ТОА КАКО СЕ СТОПАНИСУВА, КАКО СЕ ШТЕДИ И КАКО СЕ ОБЕЗБЕДУВА НЕПРЕЧЕНО ВОДОСНАБДУВАЊЕ НА ЕДЕН ГРАД. НО, СО ТЕК НА ВРЕМЕ ОВОЈ СКАДА СИСТЕМ ОД  2012 ТЕХНИЧКИ И ТЕХНОЛОШКИ ЗАСТАРЕЛ И НЕ БИЛ ВО ФУНКЦИЈА СКОРО ШЕСТ ИЛИ СЕДУМ ГОДИНИ. НА ПРЕТХОДНОТО РАКОВОДСТВО ВО ПРЕТПРИЈАТИЕТО МУ БИЛО СУГЕРИРАНО СИСТЕМОТ ДА СЕ ЗАМЕНИ СО НОВ. НО, ЗОШТО БЛАГОВРЕМЕНО ТОА НЕ Е НАПРАВЕНО, НИКОЈ ВО ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА НЕ МОЖЕ СО СИГУРНОСТ ДА КАЖЕ. ВАЖНО Е ДЕКА СЕГА ТОЈ Е НОВ И ПОВТОРНО ЈА ВРШИ ИСТАТА ФУНКЦИЈА КАКО ОНОЈ ОД ПРЕД 12 ГОДИНИ.

 

  • ПОСЕТАТА НА МИЦКОСКИ И НИКОЛОСКИ ТИ ГО ВОЗНЕМИРИЛО И МОБИЛИЗИРАЛО И РАКОВОДСТВОТО НА ОО НА СДСМ ПРИЛЕП. СО ИЗЈАВА, А НЕ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА, ПРЕД ОК НА ВМРО-ДПМНЕ ИЗЛЕГУВА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ-ЦАКИО. И, КАКО НАЈАВУВАЧКА НА ЛОКАЛЕН ТВ  МЕДИУМ  ЧИТА ОПНАТ ВО НЕГОВ ПРЕПОЗНАТЛИВ СТИЛ И КОНСТАТИРА: НА МИЦКОСКИ ПРИЛЕПЧАНИ МУ ПОКАЖАА ,,ЦРВЕН КАРТОН“. НЕГОВАТА ПОСЕТА НЕ САМО ГРАЃАНИТЕ ТУКУ И ЧЛЕНОВИ НА ОК НА ВМРО-ДПМНЕ, СПОРЕД ЦАКИО, ПОКАЖАЛА ОТИ ИМАЛО РАСКОЛ ВО ПАРТИЈАТА. ПА, ОТКАКО ЦАКИО МУ КАЖА НА МИЦКО ДЕКА ПРОБЛЕМОТ СО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО, ПРИЛЕП  ГО РЕШИ ПРЕД 20 ГОДИНИ,  И ТОА  КОГА БЕШЕ ЛОКАЛНА  ВЛАСТ СДСМ СО ГРАНТ ОД 9 МИЛИОНИ ЕВРА ОД КФВ ГЕРМАНСКАТА БАНКА, МУ ПОРАЧА ДЕКА НЕМА НИШТО ОД ГРАДЕЖНАТА ОФАНЗИВА, ОД ДЕТСКАТА ГРАДИНКА И ОД СЕ’ ДРУГО ШТО Е ВЕТЕНО. ГО СЛУШАМ ЦАКИОВ И СЕ ПРАШУВАМ: ПРВО, КОЈ ТИ ГО ПИШУВАШЕ ТОА ПИСАНИЕ?! ПРОЕКТОТ  ЗА КОЈ ЗБОРУВАШ НЕ Е 9 ТУКУ БЕШЕ 10 МИЛИОНИ ЕВРА. ТОА БЕШЕ ВРЕМЕ КОГА НЕМАШЕ ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, А БУЏЕТОТ НА ОПШТИНАТА ЕДВАЈ ДАЛИ БЕШЕ 2 МИЛИОНИ ЕВРА. АБЕ ЦАКИ НЕ СЕ ПЛАШИ ОД ТИЕ ШТО СЕ ПОКРАЈ ТЕБЕ. ЈАВНО КАЖИ МУ НА МИЦКО ДЕКА И ТОГАШ ГРАДОНАЧАЛНИК БЕШЕ ДОКТОР КАКО СЕГАШНИОВ ШТО Е ДОКТОР. АМА ТОГАШ БЕШЕ САШО ПИРГАНОСКИ, ПСИХИЈАТАР, А СЕГА БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ОРТОПЕД. РАЗЛИКАТА ЗНАЕШ  КОЛКУ Е ГОЛЕМА?! МНОГУ, ОСОБЕНО  МЕЃУ ВТОРИОТ СПРАТ ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА И ОНОЈ НА ПЕТТИОТ  СПРАТ. НО И ДЕКА ОВОЈ ПРОЕКТ  ПРОДОЛЖИ ДА ГО РЕАЛИЗИРА  МАРЈАН РИСТЕСКИ. ДЕКА ГЕРМАНСКИОТ ЕКСПЕРТСКИ ТИМ БЕШЕ СМЕСТЕН ПОД КИРИЈА ВО КУЌАТА НА МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ, ТОГАШЕН МИНИСТЕР ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ, А ЗА ВИСИНАТА  НА КИРИЈАТА  ДА НЕ СПОМЕНУВАМ.

 

  • НА ОВА ЕКСПРЕСНО МУ ОДГОВОРИЈА НА ЦАКИО ОД ВМРО ДПМНЕ. ПРВО МЕЃУ РЕДОВИ МУ СУГЕРИРААТ: ДА НЕ ЈА ИГРА НАРОДНАТА ,,ДРЖИ ГО КОПИЛЕВО ДА И’ ВИКАМ НА КОПИЛЕШКАТА“. ДА НЕ ПАНИЧИ И ДА НЕ ГО ФАЌА НЕРВОЗА  ОТИ РАЗЛИКАТА ОД 7.500 ГЛАСА  ОД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ  НЕ Е МАЛА РАБОТА. МОЕТО ЛИЧНО МИСЛЕЊЕ Е ДЕКА ОВИЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ БЕЗ ГРАМ СТРАМ И ПОЛИТИЧКА ТОЛЕРАНТНОСT  КОН  ПАЧЕШКОСКИ, ВО ОДГОВОРОТ МУ СУГЕРИРААТ УШТЕ ЕДНА МНОГУ КЛУЧНА РАБОТА: ДОКОЛКУ СО ОВИЕ  ПРЕС  КОНФЕРЕНЦИИ ПРАВИШ  ТВОЈ ЛИЧЕН  ОБИД ДА СЕ ПРОМОВИРАШ КАКО ИДЕН МОЖЕН ПРАТЕНИК, ТОГАШ ТИ ПАЧЕШКОСКИ ДОБРО ЌЕ БИДЕ СЕРИОЗНО ДА РАЗМИСЛИШ ВО КОЈА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА ПЛАНИРАШ ТОА ДА ГО СТОРИШ? ПО ОВАА ПОРАКА ЈАС БИ МУ СОВЕТУВАЛ НА ЦАКИО СЕРИОЗНО ДА РАЗМИСЛИ И ДА МУ ОДГОВОРИ НА ВМРО –ДПМНЕ: АКО НАВИСТИНА  СЕ ТОКМИШ  ЗА КАНДИДАТ ЗА ПРАТЕНИК, ТОГАШ  ОНАКА ОДЛУЧНО ВО ТВОЈ СТИЛ ЗА ИНАЕТ НА ПРОТИВНИКОТ  ДА МУ ОДГОВОРИШ: ДАЛИ ЌЕ СЕ КАНДИДИРАШ ВО ПРИЛЕП ВО 4 ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ИЛИ  ВО ТВОЕТО РОДНО СЕЛО БУЧИН ВО 5 ИЗБОРНА ЕДИНИЦА?! ОТИ, КАКО ШТО МОЖЕ ДА СЕ НАСЕТИ ПРЕКУ ОВАА РЕАКЦИЈА  И ПРАШАЊЕ ОВИЕ  ВМРОВЦИВЕ ТОА ТЕ ПРАШАА, А МИСЛАМ ДЕКА ТИ  ИМААТ СПРЕМЕНО И КАРТА ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ, ТЕ ПРАЌААТ  НАЗАД ВО 5 ИЗБОРНА ЕДИНИЦА.

 

  • ЕДЕН ВОЗ ОД БИТОЛА ПРЕКУ ПРИЛЕП И ВЕЛЕС ДО СКОПЈЕ. ВАКА  ОДЛУЧИ МЖ ТРАНСПОРТ. И ОВА НЕ Е ПРОБЛЕМ НИТУ ЗА БИТОЛСКИТЕ, НИТУ ЗА ПРИЛЕПСКИТЕ ЛОКАЛНИ ВЛАСТИ. КОГА НА ОВА ЌЕ СЕ ПРИДОДАДЕ И ФАКТОТ ШТО  ВО НАШЕ СЕКОЈДНЕВИЕ ТОА НЕ Е НЕКОЈ  ПРОБЛЕМ, ЕТЕ ШТО СЕ ПОДМЕТНУВААТ ПОЖАРИ И ШТО СЕ ПАЛАТ СТРНИШТА,  ПА И ЖЕЛЕЗНИЧКИ ПРАГОВИ ОД  ПРУГАТА  КАЈ ГОСТИРАЖНИ, ТОГАШ НЕ ТРЕБА ДА НЕ ЧУДИ ШТО ОВОЈ ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА СО ДЕНОВИ ОСТАНУВА И БЕЗ ТОЈ ЕДЕН ВОЗ. ЗОШТО  БИ ГИ ИНТЕРЕСИРАЛО И ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ И БИТОЛСКИТЕ И  ПРИЛЕПСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ И ОСТАНАТИТЕ ЧИНИТЕЛИ ЗА ОВОЈ СУШТЕСТВЕН ПРОБЛЕМ? ПРИТОА СЕРИОЗНО ПРАШУВАМ: ЗОШТО ЗАЕДНО НЕ РЕАГИРААТ ВО МЖ ТРАНСПОРТ?! НАЈВЕРОЈАТНО ПОРАДИ ТОА ШТО ТИЕ НЕ КОРИСТАТ ВОЗ. АКО КОРИСТЕА, ДОСЕГА ДРЖАВАВА ЌЕ БЕШЕ „ДИГНАТА“ НА НОЗЕ. ОСОБЕНО СЕГА ПРЕД ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ. АМА, СИТЕ СЕ КОЛНАТ ВО ИМЕТО НА НАРОДОТ, А СИ МИСЛАТ САМО ЗА ЛИЧНИТЕ ИНТЕРЕСИ. АБЕ ОВА ГО НЕМА НИ ВО ЗАНЗИБАР, А НЕ НА БАЛКАНОТ, ВО ЕВРОПА, ЗА КОЈА  НА СИТЕ ВИ СЕ ПОЛНИ УСТИТЕ. ПРИТОА ДА ВЕ ПОТСЕТАМ, ДВА ВОЗА ДНЕВНО ТРГНУВАЛЕ  ОД ПРИЛЕП ЗА СКОПЈЕ ПРЕД ТРИ И ПОВЕЌЕ  ВЕКА И ТОА ОНА  МАЛОТО ВОВЧЕ КОЕ ЗАСТАНУВАЛО НА СТАРАТА  ЖЕЛЕЗНИЧКА КАЈ СТАРО КОРЗО. ОБЈЕКТИТЕ  СЕУШТЕ СТОЈАТ, А И ДЕЛ ОД ПРУГАТА, КОЈА СО ГОДИНИ СЕ  КОРИСТИ КАКО ОГРАДА  НА ООУ „РАМПО ЛЕВКАТА“ И ДЕЛ ОД ЕКОНОМСКОТО  УЧИЛИШТЕ. НЕКОГАШНАТА ОДПРАВНА ЗГРАДА ПОРАНО БЕШЕ ПИОНЕРСКИ ДОМ, ПА ПРОСТОР ЗА ВЕНЧАВАЊЕ, СЕГА ПОД НАЕМ ЈА КОРИСТИ ЕДНА НЕВЛАДИНА ОРГАНИЗАЦИЈА. А , ПО КАЗНА, НАЈВЕРОЈАТНО ДЕКА  Е ПРАВИЧЕН ВМРОВЕЦ, БОКИО СО ДРУЖИНАТА, ОД НОВАТА ОПШТИНСКА ЗГРАДА, ГО ПРЕМЕСТИ И СЕГА ОБЈЕКТОТ  ГО ЧУВА, ГОРАНЧО – СТАРОТО.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе