ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (69)

2.032

Пишува Зоран Момироски

  • ПРЕДИЗБОРНО СЕ КРЧКААТ КРИВИЧНИ И ОБВИНЕНИЈА ЗА АКТУЕЛНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ И НЕГОВИОТ МЕНТОР ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ. ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ИЗВОРИ  ТВРДАТ ДЕКА ВЕЌЕ Е ИСПРАТЕНО ИЗВЕСТУВАЊЕ  ДО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ТОА ДА ИЗДАДЕ НАЛОГ ЗА  ПОКРЕВАЊЕ НА ИСТРАГА, А  СО ЦЕЛ ДА СЕ УТВРДИ ОДГОВОРНОСТА НА БОКИО  И ТОА – ЗОШТО ДОСЕГА НЕ ЈА АКТИВИРАЛ  БАНКАРСКАТА ГАРАНЦИЈА НА ИЗВЕДУВАЧОТ НА НОВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА ТОЧИЛА  КОЈА СЕУШТЕ  НЕ  Е ПРЕДАДЕНА ВО УПОТРЕБА, А СИТЕ  ДОГОВОРЕНИ РОКОВИ СЕ ОДМИНАТИ. ЗА ЖАЛ НИТУ, ПАК СИТЕ  УТВРДЕНИ  ПРОПУСТИ ПРИ ИЗГРАДБАТА НА ОБЈЕКТОТ ВО КОЈ ТРЕБА ДА СЕ СМЕСТАТ  БЛИЗУ 280 ДЕЦА НЕ СЕ ОТСТРАНЕТИ. СОМНЕВАЊАТА СЕ ДЕКА СО ОВА Е НАПРАВЕНА ШТЕТА ОД ОКОЛУ 300.000 ЕВРА БУЏЕТСКИ ПАРИ. ОБВИНЕНИЕТО ЗА УНИШТЕНИОТ ОБЈЕКТ КАДЕ ШТО ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ СМЕСТЕНО ПОДРАЧНОТО УЧИЛИШТЕ ОД О.У.РАМПО ЛЕВКАТА ВО НАСЕЛБАТА СТОЧЕН ПАЗАР Е ЗАВРШЕНА РАБОТА  ТВРДАТ  ВИСОКИ  ФУНКЦИОНЕРИ  ОД ОБВИНИТЕЛСТВОТО. ЗАВРШЕНО Е И СУДСКОТО ВЕШТАЧАЊЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ШТЕТА. ПРВИЧНИТЕ ПРОЦЕНКИ СЕ ДЕКА ШТЕТАТА Е НАД  600.000 ДЕНАРИ. СУМА КОЈА ВО ТЕКОТ НА СУДСКАТА ПОСТАПКА МОЖЕ ДА СЕ НАДОПОЛНИ. И ВО ДВАТА СЛУЧЕВИ УПАТЕНИТЕ ВО ИСТРАЖНО ОБВИНИТЕЛСКИ ИНСТИТУЦИИ ТВРДАТ ДЕКА ЗА ОВИЕ КРИВИЧНИ ДЕЛА БИ ТРЕБАЛО ДА ИМА КАЗНА ЗАТВОР. ДАЛИ ТАА ЌЕ БИДЕ УСЛОВНА ИЛИ ЕФЕКТИВНА ЌЕ ЗАВИСИ ОД СУДСКИОТ ПРОЦЕС И ОД СУДОТ.

 

  • СО КОНКУРС ЌЕ  БИДЕ РЕШЕН НАЈГОРЛИВИОТ ПРОБЛЕМ  ВО ПРИЛЕПСКАТА ОПШТА БОЛНИЦА. ВО ОВАА ИНСТИТУЦИЈА  ВРИЕ ПО НАЈАВАТА ДЕКА ЌЕ БИДАТ ВРАБОТЕНИ 70 ДОКТОРИ, МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И ТЕХНИЧКИ ПЕРСОНАЛ  ПРЕД СЕ’  ОНИЕ КОИ СО ГОДИНИ ИЗВРШУВААТ  РАБОТНИ ОБВРСКИ  И ТОА  САМО ВРЗ ОСНОВА НА ДОГОВОР,  БЕЗ ДА ИМ БИДАТ ПЛАТЕНИ ПРИДОНЕСИ ЗА ЗДРАВСТВЕНО И ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ. А ТАКВИ ГИ ИМА ОКОЛУ 120 БИДЕЈЌИ  СО ГОДИНИ ТОА НАНАЗАД  ГО БАРА ОБЕМОТ НА  РАБОТА. АМА И ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ОВАА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНУВА. ПРЕД СИТЕ ОД  ОВАА КАТЕГОРИЈА  НА ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ИМА МНОГУ ДИЛЕМИ. НО, ИМАШЕ  И НЕГОДУВАЊА  ОКОЛУ ТОА ДАЛИ  ОВИЕ  ВЕЌЕ РАБОТНО АНГАЖИРАНИ  ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ  ПРЕКУ  ПАРТИСКИ ИЗБОР ЌЕ БИДАТ ТРАНСФОРМИРАНИ ОД  ДОГОВОРНИ ВО ПОСТОЈАНО  ВРАБОТЕНИ. ИЛИ ПАК КАКО ШТО СЕГА Е РЕШЕНО СО КОНКУРС. ЦЕЛАТА ПОСТАПКА СЕ  РЕАЛИЗИРА ПО НАСОКИ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО. ОД ОЧЕКУВАНИТЕ  70 НОВИ ВРАБОТУВАЊА, ДИРЕКТОРКАТА НА БОЛНИЦАТА  КЕТИ СМИЛЕСКА, ВЕЛИ  ДЕКА НАМЕСТО 20 ЌЕ БИДАТ ВРАБОТЕНИ 10 ДОКТОРИ И УШТЕ ТОЛКУ ТЕХНИЧКИ ПЕРСОНАЛ. ОСТАНАТИТЕ 50 СЕ  МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ. ПОСТАПКАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ТРЕБА ДА ЗАВРШИ ДО 1 ФЕВРУАРИ КОГА ЌЕ ПОЧНЕ ДА ФУНКЦИОНИРА ПРЕДИЗБОРНАТА ,,ПРЖИНСКА“ ВЛАДА.

 

  • ГОЛЕМАТА РЕДЕНКА ЗА МОЖНИ ИДНИ КАНДИДАТИ ЗА ПРАТЕНИЦИ ВО СДСМ  ЗАПОЧНА. ВО МЕСНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ СЕ ПРЕДЛАГААТ ИМАЊА. КОЕ ПОРАДИ  ПАРТИСКА ЗАСЛУГА, КОЕ ПРЕКУ СИСТЕМОТ ДАЈ МИ ГО, НА ТИ ГО, СЕКОЈ ПОСАКА ДА БИДЕ ПАРТЕНИК. ДО СЕГА СЕ ПРЕДЛОЖЕНИ И НАЈМНОГУ СЕ СПОМЕНУВАНИ АКТУЕЛНИОТ МИЛЕ ТАЛЕВСКИ, ЈАС ГО ВИКАМ МИКИО, ДО НЕГО Е ЦАКИО КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО НА СДСМ-ПРИЛЕП И ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ТУТУНСКИ КОМБИНАТ, А ОДМА ДО ЦАКИО Е СЕКРЕТАРОТ НА ПАРТИЈАТА ДИРЕКТОР НА КАТАСТАРОТ ВО ПРИЛЕП И СИГУРЕН ПРЕДЛОГ ЗАМЕНИК МИНИСТЕР ЗА ЛОКАЛНА МИКИ КРСТЕВ. ИМАЛО ПРЕДЛОГ И ПРАТЕНИЧКО СТОЛЧЕ ПОСАКУВААТ НАСТАВНИЧКИТЕ  ГОРДАНА МАКАЛОСКА, И КЕТИ СТЕВАНАНЏИОСКА. ТУКА Е И ВИСОКО ПАРТИСКИ ПОЗИЦИОНИРАНА ИВОНА КУЗМАНОВИЌ. ПАРТИСКИ ИЗВОРИ ТВРДАТ ДЕКА  АМБИЦИОЗНОСТ  ЗА ПРАТЕНИК   ПОКАЖАЛА И АКТУЕЛНАТА СОВЕТНИЧКА ДОКТОР ГИНЕКОЛОГ  МОНИКА ГРАШЕСКА – ИЛИОСКА. КАКО ТРГНАЛА РАБОТАТА ЕВЕ  ЈАС БИ ГО ПРЕДЛОЖИЛ И ,,ШОФЕРОТ“ КРСТЕ ДУКОСКИ. СПОРЕД  ЧАРШИСКИ  МУАБЕТИ ТОЈ СТАНАЛ  МНОГУ ПОПУЛАРЕН  МЕЃУ  ЧЛЕНСТВОТО  ОТКАКО  ДЕНОВИВЕ  НЕДЕЛКОСКИ ОБЈАВИ ПОСТ ДЕКА  СЕ ЗЕМАЛЕ  5000 ЕВРА , ЗА ВРАБОТУВАЊЕ. ЈАС И  ВО ОВИЕ ПРИЛЕПСКИ МУАБЕТИ НЕ ВЕРУВАМ. ОТИ ОД ПОЗИЦИЈА ,,ШОФЕР“: КАКО ТОЈ БИ ВРАБОТИЛ?!? ОСВЕН АКО  ЕВЕНТУАЛНО НЕ МУ ВРШЕЛ ,,УСЛУГА“  НА НЕКОЈ  ДРУГ НА МНОГУ ПОВИСОКА ФУНКЦИЈА ?!?

 

  • ЗАГЛАВЕНИ ВО ВНАТРЕПАРТИСКИТЕ ГРУПИРАЊА И ПРЕГРУПИРАЊА  ОЧЕКУВАВ, НО  ОЧИГЛЕДНО ,,НЕ НАМЕРНО“ ОВИЕ ОД СДСМ-ПРИЛЕП ЗАБОРАВИЈА ДА РЕГИРААТ НА ФОРМИРАЊЕТО НА ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДВИЖЕЊЕТО ,,ЗНАМ“. ПРИТОА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ИЗБОРНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО КИНОТО ,,МИС СТОН“ Е ИЗБРАН ЕМИЛ ЈАНЕСКИ, ЕКС ДИРЕКТОР НА ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА – ПРИЛЕП. ИНАКУ ВО ВРЕМЕ НА ЛОКАЛНОТО ВЛАДЕЕЊЕ НА СДСМ  ЕДЕН ОД НАЈБЛИСКИТЕ СОРАБОТНИЦИ НА ЕКС ГРАДОНАЧАЛИНКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ – МУЦЕТО. КАКО И ЕКС КАНДИДАТ  ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО НА СДСМ-ПРИЛЕП. ЛИЧНО ФОРМИРАЊЕТО НА ОВА ДВИЖЕЊЕ НА МАКСИМ ГО РАЗБИРАМ. И Е ДЕМОКРАТСКО ПРАВО. ИСТО КАКО ШТО ЈА РАЗБИРАМ И ЦЕЛТА НА ДВИЖЕЊЕТО. НО, ИМА НЕШТО ШТО НАВИСТИНА ЕПТЕН ,,НЕ ГО РАЗБИРАМ“, А И НЕ ТРЕБА ДА ГО РАЗБИРАМ. ВАЖНО Е  НАРОДОТ ДА ГО РАЗБИРА.

 

  • ПИРОМАНИЈАВА ВО ГРАДОВ ПОВТОРНО СЕ РАЗБУДИ. СЕ ПАЛАТ АВТОМОБИЛИ И СЕ ОШТЕТУВААТ ОБЈЕКТИ. СЕ УНИШТУВААТ ИМОТИ. ЗА НАШАТА СРЕДИНА Е НОРМАЛНО. ЗА ТАМУ КАДЕ ШТО ЦЕЛИМЕ НИТУ Е НОРМАЛНО, НИТУ Е РАЗБИРЛИВО. И СЕТО ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМ. СМЕ НАВИКНАЛЕ НА ПАЛЕЊЕ КОЛИ. ЕДНО ВРЕМЕ И НА БОМБИ КАШИКАРИ КОГА ЕКСПЛОДИРАА ПРЕД  КУЌИ И ДВОРОВИ НА ИЗБРАНИТЕ ЦЕЛИ. ТОГАШ, ТОЧНО Е ДЕКА ГРАДОТ ЛИЧЕШЕ НА ДИВ ЗАПАД. ПА МОРАШЕ ФРЧКО ВО СВОЈСТВО НА МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ, ДА ИСПРАЌА СПЕЦИЈАЛЦИ  ЗА ПРИЛЕП ДА СТАНЕ ГРАДОТ И ДА БИДЕ НОРМАЛНА СРЕДИНА ЗА ЖИВЕЕЊЕ. СЕГА Е ПРОБЛЕМ КАКО ТОА ПО ТОЛКУ ГОДИНИ ПАК ДА СЕ СООЧУВАМЕ СО НАПАДИ ВРЗ ПОЛИЦАЈЦИ, СО ПАЛЕЊЕ КОЛИ, СО КРАЖБИ И ТЕПАЧКИ. АКО СЕГА СТОЈАТ  РАБОТИТЕ  ВАКА, ЗА ШТО  СО ПРАВО РЕГИРААТ ГРАЃАНИТЕ, ТОГАШ  ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА ПРЕД, ДО ИЗБОРИ И ПО ИЗБОРИТЕ ?!? ПОСТОЈАТ ИНСТИТУЦИИ И ПОСТОИ ЦИВИЛИЗИРАН НАЧИН КАКО ДА СЕ РЕШАТ МЕЃУСЕБНИТЕ  НЕ РАСЧИСТЕНИ БИЗНИС ДОЛЖНИЧКО-ДОВЕРИТЕЛСКИ ОДНОСИ. КОЈ НЕ ЗНАЕ ИЛИ НЕ САКА  ДА ЈА ШТИТИ УСТАВНАТА  ОДРЕДБА ЗА СЛОБОДА МИР И ЧОВЕКОВО ПРАВО,  ВЕДНАШ ТРЕБА  ДА СИ ОДИ ДОМА.

 

  • ПРИЛЕПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ  ДЕНОВИВЕ ,,СЕ ПЕЧИ НА ЖАР“ И ДОЛГО ВРЕМЕ РАЗМИСЛУВА ДАЛИ ДА ГО ФАТИ ПОДЕБЕЛИОТ ИЛИ ПОТАНКИОТ  КРАЈ НА СТАПОТ. РЕШАВА БОКИО  НАРУШЕНИ ОДНОСИ  ВО ОПШТИНАТА И ТОА  ПО ОНАА НАРОДНАТА ,,ЗМИЈАТА ИЛИ МАГАРЕТО“!!! ПРОБЛЕМОТ НАВОДНО ПРОЗЛЕГОЛ ПО ЕДНА ВЕРБАЛНА РАСПРАВИЈА МЕЃУ ШОФЕРОТ  ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ  И СЕКРЕТАРОТ НА ОПШТИНАТА ЗА ТОА КАДЕ ТРЕБА ТОЈ ДА ПОЈАДУВА  ВО КУЈНАТА  ИЛИ ДА СИ  СЕДИ НА РАБОТНОТО  МЕСТО  ВО СЛУЖБЕНАТА  КОЛА И ТАМУ ДА ЈАДИ. ОД ИСКРА ИЗБИЛ ,,ПОЖАР“, А ОГНОТ ТИ СТИГНАЛ НИ ПОМАЛКУ НИ ПОВЕЌЕ  ДО ЛИДЕРОТ. ПА НАМЕСТО МИЦКОСКИ ДА ГИ РЕШАВА КРУПНИТЕ ПРОБЛЕМИ КОИ ПРЕТСТОЈАТ ПРЕД ПАРТИЈАТА И ИЗБОРИТЕ МОРАЛ ДА ГО ,,АКТИВИРА АПАРАТОТ“ ЗА ДА ГО ИЗГАСНЕ ПОЖАРОТ. И ДОДЕКА БОКИО  МАКИ МАЧИ СО  „КРУПНИТЕ“ ПРОБЛЕМИ ВО ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ, СВОЈА БИТКА СИ ВОДИ И ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ  МАРЈАН РИСТЕСКИ. МАЦИО И АКО Е ОД ВМРО-ДПМНЕ, ПАРТИЈА НА ВЛАСТ ВО ПРИЛЕП, ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОРАЛ И БАРАЛ ОД МИЛЕ ТАЛЕВСКИ ПРАТЕНИК ОД СДСМ, ПАРТИЈАТА ДА ОДРЖИ ПРЕС ЗА ОБЈАВЕНИОТ КОНКУРС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ОПШТИНА ПРИЛЕП. НЕГОВ ,,ТРН ВО ОКОТО“ МЕЃУ ДРУГОТО ТИ БИЛ БУМБАРОСКИ. ТОЈ ОД СОВЕТНИК ЗА МЛАДИ  ТРЕБАЛО ДА БИДЕ ТРАНСФОРМИРАН  ВО  ПРОСВЕТЕН  ИНСПЕКТОР. А НАВОДНО ПЛАНОТ БИЛ  ПО ОДЕЊЕТО ВО ПЕНЗИЈА НА БЛАЖЕ  ДИМЕСКИ  РАКОВОДИТЕЛОТ НА ИНСПЕКЦИСКИТЕ СЛУЖБИ ДА ГО НАСЛЕДИ БУМБАРЧЕТО. КОЛКУ ОД ОВИЕ КОМБИНАТОРИКИ ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРААТ ЌЕ ПОКАЖЕ ВРЕМЕТО. АКТИВИСТИ ОД ПАРТИЈАТА  ВЕЌЕ ЈАВНО ПРАШУВААТ : КАДЕ ВО ОВАА РОШОМОНИЈАДА  Е ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ. ПРВО  КАКО КООРИДНАТОР НА О.К. НА ВМРО-ДПМНЕ, ПА, КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ, АМА И КАКО МОЖЕН КАНДИДАТ ЗА ПРАТЕНИК.

 

  • ДЕНЕСКА Е ВОДИЦИ. ПРИЛЕПСКИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ СО ПРИЛЕПСКОТО АРХИЕРЕЈСКО НАМЕСНИШТВО  ДОГОВОРИЈА   ВО АКВА ПАРКОТ ,,САЛИДА“ ДА СЕ ФРЛА ЧЕСНИОТ КРСТ. МНОГУ ПОУБАВО ПОВЕЛИЧЕНСТВЕНО И ПОМАСОВНО ОД ЛАНИ. ЌЕ ИМА ,,ТУРКАНИЦА“ КОЈ ДА ГО ФАТИ КРСТОТ. ИСТО КАКО ШТО ИМАШЕ ТУРКАНИЦА КОЈ ПОВЕЌЕ ДА ЗЕМЕ ПАРЧЕ ПОВЕЌЕ  БУРЕК, НА ВЕЌЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА ГРАДСКА ЗАЕДНИЧКА СРЕДБА И ПРОСЛАВА ,,НА ВАСИЛИЦА ВО ПРИЛЕП“. ЗА КОЈА СЕ ВЕЛИ ДЕКА ТАА ТРЕБА ДА БИДЕ ОД ГОДИНА ВО ГОДИНА СЕ’ ПО МАСОВНА. ПА ДУРИ СЕ ОДИ ДО ТАМУ, ПРОСЛАВАТА  ДА СТАНЕ ПОСЕБНА И ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНСКА  ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА. ВО ОВА МАЛКУ КОЈ  ВЕРУВА. НО КАКО И ДА Е ПРИЛЕПЧАНИ СИ ЈА САКААТ И ВЕРУВАМ  ДЕКА И ДО ГОДИНА ЌЕ СИ БИДАТ ПОД ГРАДСКИОТ СААТ. ИНАКУ ВОДИЦИ СЕ ОРГАНИЗИРА НА ПОВЕЌЕ МЕСТА ВО ОПШТИНАВА. А И ВРЕМЕНСКИТЕ ПРИЛИКИ  СЕ НА СТРАНАТА И НА ОРГАНИЗАТОРИТЕ И НА УЧЕСНИЦИТЕ И НА ГРАЃАНИТЕ.

НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ И ОВОЈ ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК !!!

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе