ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

“Градината во нашата градинка” – проект на ЛАГ АГРО ЛИДЕР со градинката Весело штркче, Кривогаштани

323

Тимот на ЛАГ АГРО ЛИДЕР со тимот и децата од градинката „Весело Штркче” Кривогаштани денес започнаа со засадување на растенија во подготвениот пластеник во градинката, во рамките на проектот “Градината во нашата градинка” кој се спроведува со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Преку проектот:

– Уреди дворот во детската градинка “Весело Штркче” Кривогаштани со поставување на пластеник и засадување на дрвја

– Ќе се организираат активности за садење и одгледување на зеленчукови, овошни, цветни и декоративни насади.

– Ќе се збогатат програмските активности за едукација во претшколска возраст со теми од еколошко образование

– Ќе се организира кампања Децата повикуваат заедно да создадаме ЕКО СВЕТ со цел зголемување на свеста за неопходноста од индивидуален и колективен придонес за заштита на животната средина преку градење на правилен однос кон животната средина, кон природата, здравјето, кон производството на здрава храна.

Ние едукативни игри денес, а и понатаму децата ќе се запознаваат со растенијата, ќе учат како функционираат природните системи на нашиот свет а воедно и ќе преземаат акција за да помогнат во одржувањето на нашите природни ресурси и заштитата на животната средина.

 

 

 

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе