ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Започна спроведувањето на мерката „гарантирана цена“ за спречување на сиромаштијата

281

„Гарантирана цена“ е ознаката која ги означува намалените цени со последната економска мерка. Иако, сите маркети не ја ставија оваа ознака, минимално намалување на цените има. На пример, лебот од 33 сега се продава за 30 денари, а во некои маркети и 29 ден.

Најмалку 10% поевтино ќе можете да се купат прехранбените производи кои се вклучени во оваа мерка, почнувајќи од денеска до 30 ноември.

Економисите сметаат дека мерката важи многу кратко за да ги даде вистинските ефекти и дека цените треба да се замрзнат најмалку 6 месеци за граѓаните навистина да почувствуваат олеснување. Инаку, казната за непочитување на мерките може да биде и забрана за вршење дејност во зависност од тежината на прекршокот, а ќе ја спроведува Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). За таа цел во текот на наредната недела ќе се зголемат ингеренциите на ДПИ.

Како споредба, речиси идентични мерки воведоа и Србија и Хрватска, а во Хрватска дури производите со намалени цени имаат ознака “ограничени цени“, меѓутоа за разлика од кај нас, овие мерки таму ќе важат на неодредено време.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: