ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Девојките на гости поразени, а РК Прилеп е лидер на табелата

184

Прв на табелата од плеј-аутот на Супер-машката ракометна лига е прилепскиот тим, кој дома го совлада тимот на Скопје Мултиесенс со 34:31 (18:16), а Еурофарм Пелистер 2 , остана втор , бидејќи битолскиот тим загуби со 24:23 од Вардар во Неготино.На натпреварот најефикасен беше средниот бек Владан Кастратовиќ со осум погодоци, шест додаде десното крило Денис Шабановиќ, а пет реализации имаше левиот бек Никола Цветаноски.

Со оваа трета победа  на РК Прилеп, прилепчани  само потврдија дека имаат желба, сила, знаење и квалитет да останат во суперлигашкото друштво, а љубителите на ракометот во Прилеп и во следната сезона да гледаат суперлигашки натпревари.

Инаку, прилепчани во првото коло триумфираа над Скопје, во второто славеа над Голден Арт, а викендов успеаа да ги освоијат бодовите и против Мулти Есенс.Но иако се блиску до опстанок во елитата, за ракометарите на Прилеп следа три дуели, кои навистина е потребно да се одиграат со голем напор и тактичност. Прилеп во следните кола од  Супер-машката ракометна лига  ќе треба да одигра против главните конкуренти: Куманово, Вардар Неготино и Еурофарм Пелистер 2, со што ќе треба да го даде и максимумот.

 

Во следната 4. рунда, екипата на Прилеп ќе ја пречека екипата на Аеродром.

ЖЕНИ

Во Супер-женската лига на програмата е 15. рунда. Во тие рамки, Металург – Деспина 33:16. Во следната рунда е мечот Деспина – Спартак.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: