ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Инспекциски надзор: нема обојување на водите од притоката и вештачкото езеро Прилеп

1.353

По истражувачката стории на Радио Пела за појавата на “бела вода“во Присадска реката кој се влева во Вештачкото Прилепско езеро, каде граѓаните беа загрижени за квалитетот на водата,  бидејќи со хидроакумулацијата се наводнува дел прилепското поле, денеска добивме одговорот од Општина Прилеп.

Според нив, инспекциската контрола спроведена во текот на вчерашниот ден 26 ти февруари од страна на претставници на Државниот инспекторат за животна средина, Секторот за инспекторат во Општина Прилеп и Општинскиот инспекторат за животна средина на Општина Прилеп, утврдила дека нема појава на обојување на водата на влезот на Присадска Река во вештачкото езеро, а не било забележано ниту обојување на хидроакумулацијата Прилеп, стои во официјалното известување од Општина Прилеп:

ИЗВЕСТУВАЊЕ:

На ден 26.02.2024 во текот на утринските часови извршен е надзор на вливот на Стара Река  во Вештачко Езеро Прилеп од страна на М-р Цветанка Николоска – ОИЖС на Општина Прилеп, Блаже Димески – Раководител на Сектор Инспекторат во Општина Прилеп и Тони Димески – Виш водостопански инспектор од ДИЖС ( Државниот инспекторат за животна средина) 

Во моментот на надзорот не беше забележана појава на обојување на водата на влезот на Присадска Река во езерото, ниту беше забележано обојување на водата во Вештачко Езеро Прилеп.

Истотo така не беше забележано испуштање на вода од правните субјекти кои што стопанисуваат во непосредна близина на вештачкото езеро.

Дали е вршено лабараториско испитување на  водата и тлото од притоката на езерото треба да се обратите до правниот субјект кој стопанисува со вештачкото езеро АД Водостопанство на РСМ Скопје Подружница Прилепско Поле.

Во случај кога граѓаните ќе забележат обојување на водата треба да ги известат сите релевантни иснтитуции меѓу кои се :Центар за управување со кризи; Дирекција за заштита и спасување; Виш водостопански инспектор од ДИЖС; Овластен инспектор за животна средина на Општина Прилеп; Санитарен и здравствен инспекторат и Центар за јавно здравје,“ стои во известувањето од Општина Прилеп, кое редакцијата на Радио Пела,како писмено известувње го доби денеска.

Инаку,  состојбата со појавата на белата водата во Вештачкот езеро беше забележана во неделата ( 25ти февруари), кога водата на Присадска река, која се влева во вештачкото Прилепско езеро, беше со бела боја, а брегот  на реката покриен со остаоткот од белата состојбка. Загрижени, во тој момент беа екологистите ја регистрираа појавата, но и граѓаните на Прилеп кои од оваа акумулација ги наводнуваат своите земјоделски производи.  Од прилепската акумулација, според подружницата на ЈП за Стопансиување со води ,, Прилепско Поле,, се наводнува површина од околу 450 хектари , а вода за наводнување од оваа акумулација кориситат околу 1500 земјоделци.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: