ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Деспина со победа, Прилеп со пораз се вратија од гостувањето во Скопје

277

Тимот на Деспина ја забележа третата победа во новата сезона од Женската лига, откако славеше на гости кај Шампион со убедливи 37:19

Прилепчанки поведоа со 8-1 на стартот и уште тогаш ги решија сите дилеми околу победникот на овој натпревар. Второто полувреме беше само формалност, па шанса за настап добија повеќе ракометарки од двете екипи.

РК Прилеп, пак, на гостувањето во Скопје кај екипата  Голден Арт, во натпревар од 13. коло од Супер лигата, изгубија со десет гола разлика, 28:18  (12:10).

Ракометарите на Прилеп на почетокот на вториот дел се обидуваа да се вратат во игра, намалија на 15:14, но во тој момент како да кренаа раце од дуелот и примија дури седум гола во низа, за крајот да имаа сериозен заостаток од 10 гола и бркаа голема негатива.

Најефикасен  во РК  Прилеп беше средниот бек Владан Кастратовиќ со пет постигнати погодоци.

Последното коло Прилеп се сретнува со првопласираниот, Еурофарм Пелистер, а Деспина со екипата на Астибо.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе