ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Еко акција за пошумување во организација на прилепските советници

276
Акција за пошумување во месноста Алинци, в недела, 25 декември, организира Советот на Општина Прилеп. Повод е подигнување на свеста за здрава животна средина. Предвидено е да бидат засадени околу 4000 садници, афтотони сорти, багрем и јасен, каратеристични за ова поднебје!
May be an image of text

„Климатските промени придонесуваат да се загрозува природата и затоа треба да посветиме повеќе внимание на животната средина. Како Претседател на  Советот на Општина Прилеп, заедно со советниците, посебен акцент ставаме на животната средина, па врз основа на тоа, Советот на Општина Прилеп ќе организира акција за пошумување на дел од атарот на населеното место Алинци – во близина на градската депонија.„ информира Претседателот на Совет на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.

За граѓаните кои сакаат да земат активно учество во еко акцијата за пошумување,  ќе биде обезбеден бесплатен превоз до дестинацијата за пошумување и назад. Тргнувањето е  во 10:30 часот  пред НУЦК ,,Марко Цепенков”.
„Немаме резервна планета. Сите ние заедно да придонесеме за создавање на поздрава и поквалитетна животна средина, за нас и за идните генерации.„-велат организаторит на оваа еко акција, повиќувајќи на поголема масовност  и учество на граѓаните на Прилеп во пошумување на месноста Алиниц, каде во близина се наоѓа прилепската депонија.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: