ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Над 70 граѓански организации поднесоа барања до пратениците за измени во Законот за здравствено осигурување

327

Мрежата за заштита од дискриминација, Фондацијата Отворено општество – Македонија и ЛАГ Агро Лидер, повеќе од 70 здруженија и мрежи од граѓански организации се обединија околу барање за системско решение за овозможување на платено породилно отсуство. Денеска на прес-конференција пред дирекцијата на Фондот за здравствено осигурување во Прилеп беа претставени нивните барања до надлежните институции и предлог решението за измени и дополнувања на Законот за здравствено осигурување.

– Покрената е иницијатива од над 70 граѓански здруженија и мрежи на организации со цел промена на законска регулатива и обезбедувањее на право на платено породилно отсуство со статус индивидуален земјоделец. Оваа иницијатива е започната одамна, меѓутоа очекувајќи дека ќе наидеме на решавање на ова прашање од релевантните институции некако дадовме повеќе време, а сега сметаме бидејќи не се покажува дека навистина има желба да се најде системско решение за проблемот крајно време е сите граѓански организации заедно да понудиме предлог решенија за законска измена и да ги повикаме институциите и нормално народните избраници да се заложат за ова прашање на жените земјоделки да им се обезбеди правото на платено породилно отсуство. Се надеваме дека понатаму ќе се покаже и желбата од институциите и навистина ќе им се обезбеди пристап до правото на платено боледување. Жените регистрирани како индивидуални земјоделки редовно плаќаат придонеси од задолжително здравствено осигурување со што со статусот на задолжителни здравствени осигуреници тие треба да имаат пристап на правото на парични надоместоци за бременост и мајчинство како и во случај на боледување, рече Марина Тошеска од  ЛАГ Агро Лидер.

Во Македонија 1075 жени имаат статус на индивидуален земјоделец. Граѓанските организации бараат исплата на породилно боледување во висина на минимална плата, 18 илјади денари. Посочуваат дека ваквите заложби содејствуваат со Конвенцијата 183 од Меѓународната организација на труд на која што е потписничка и Македонија. Со исплатата на породилното боледување  ќе се овозможи достоен живот за жената и за нејзиното дете.

Анета Загорац од селото Милошево е регистиран индивидуален земјоделец веќе шеста година. Таа ги знае проблемите со кои се соочуваат жените земјоделки и вели дека неопходно потребно е веднаш да се делува за системски измени.

– Земјоделките треба да го имаат ова право. Како мајка на женско дето би сакала сите жени регистрирани земјоделки да ги уживаат сите права како и сите работнички. Доколку се воспотави вакво право ќе има повеќе жени земјоделки, вели Загорац.

Според податоците од Фондот за здравствено осигурување за 2021 та година 37 до 48 жени користат породилно боледување, кое што сега е неплатено. Станува збор за средства во висина од 10 368 000 денари. Предлог на законското решение е подготвено со правници со меѓународно искуство.

– Ова е право кое што сите жени работнички треба да го имаат и тоа е согласно сите меѓународни договори и конвенции кои нашата држава ги потпишала и кои ги ратификувала во своето законодавство. Ова е исто така и уставно право. Нашиот закон за здравствено осигурување не ги признава индивидуалните земјоделци со што прави дискриминација на овие жени, бидејќи овие жени не се препознати како работнички. Ние поднесовме и претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го чекаме мислењето од таму. Доколку Комисијата утврди дека се работи за дискриминација тоа е уште еден показател дека овие министерства треба да се зафатат за промена на Законот за здравствено осигурување. Мора да го решиме ова законски и системски, се’ што е програми и некакви мерки не е системско решавање на проблемот и зборуваме за право кое мора да биде законски регулирано, посочи Јована Јовановска Кануркова, од Хелсиншки Комитет за човекови права, дел од мрежата за заштита од дискриминација.

Граѓанските организации поднесоа барање за измени на Законот за здравствено осигурувањедо секој пратеник. Се надеваат дека предлог барањето за измени во законот во Собранието ќе биде доставен со пратеничка група на жени пратенички.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: