ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ин мемориам: Почина Љупчо Перканоски, сопственикот на Авто Контрол

31.907

На 43 годишна возраст денеска попладне, како последица од повреди во трагичната сообраќајна несреќа во населбата Варош, почина Љупчо Перканоски, сопственик на Авто Контрол Станица за технички преглед Прилеп. Љупчо Перканоски беше семеен човек, сопруг, татко на две деца, голем пријател, хуманист, добротворец, почитуван млад бизнисмен со визија кој успеа занаетчиската автоелектричарска работилница да ја претвори во една од најдобрите македонски компании во областа.

Љупчо заедно со својата сопруга Даниела, визијата за успех ја градеше несебично во заедницата и во регионот, на взаемна доверба, помагајќи го спортот, културата, медиумите, луѓе на кои им беше потребна помош. Како резултат на тоа,  Авто Контрол Станица за технички преглед Прилеп  прерасна во водечка респектабилна современа компанија во Македонија.

Љупчо беше човек еснаф, кој ја вложуваше целата своја енергија за напредок на семејството, заедницата, човек со голем круг на искрени пријатели, бизнис партнери и соработници.

Вечна слава драг пријателе, ќе бидеш пример за многу млади луѓе.

Погребот е на новите градски гробишта во Прилеп 15 и 30 часот, сабота, 21 ви октомври.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе