ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ООУ „Добре Јованоски“ доби мултифункционално игралиште и две опремени училници

526

Во ООУ „Добре Јованоски“ Прилеп денеска беше пуштено во употреба новото мултифункционално игралиште и беа ставени во употреба 2 опремени училници како резултат на соработката на Општина Прилеп, а во рамките на проектот на УНДП, „Зајакнување на националните и локалните системи за поддршка на ефективна социо – економска интеграција на повратниците во Западен Балкан“. Реконструкцијата опфаќа поставување на нова подлога, како и целосното опремување на мултифункционалното игралиште, сошто ќе овозможи простор за дружење, социјализација и интеграција.

Во рамките на проектот за „Дооформување на основното образование за возрасни“ се опремија две училници според правилникот за стандардите со сите потребни нагледни средства. Целта е преку опремување на двете училници наменети за дооформување на основно образование, да им се овозможи на жителите кои не го завршиле основното образование да го докомплетираат, вклучително и децата од повратниците кои немаат завршено основно образование.

„Спортското игралиште во Добре Јованоски беше во лоша инфраструктурна состојба и се појави потреба да се рехабилитира и да се надогради со цел да се овозможат потребните услови за со кои што учениците и сите останати кои што ќе го користат ќе се социјализираат и интегрираат преку спортот. Тука во овој дел на нашиот град, живеат најголем број од повратниците, а исто така поради нискиот социјален статус и невработеноста на голем дел од граѓаните, условите за живот се дополнително отежнати и негативно влијаат на нивната интеграција во заедницата, посочи при тоа градоначалникот Јовчески.

На форумските сесии одржани во Прилеп, со претставници од сите институции како приоритет беа избрани „Реконструкција на отвореното спортско игралиште“ и „Дооформување на основното образование за возрасни“ во ООУ„Добре Јованоски“.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: