ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Кузманоска: На што се согласи најнеспособната Влада за да го истурка најмасовниот грабеж на овие простори?!

170

ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп денеска одржа прес конференција, на која, во фокусот беше почетокот на градежните работи на Коридорот 10 д, автопатот Прилеп – Битола.  Ја објавуваме во целост:

Циркузот наречен влада на СДСМ-ДУИ, продолжува и денес. За жал, ваквиот прескап циркус од денешната екскурзија на Ковачевски и Груби, повторно ќе го платат граѓаните. Се фалат без трошка срам пред камерите дека инвестирале во капитален проект од историска важност. Каков ли е само тој проект кој се крие од граѓаните?! На што ли се’, се има согласено најнеспособната влада во Република Македонија, само за да го истурка најмасовниот грабеж некогаш виден на овие простори?! Прашуваме, колку ли само средства денес се потрошија за да се направат слики пред една ископана дупка, за да се прикаже дека божем нешто се работи? На народот му е смачено од вакви слики и настани! Колку за потсетување, ликови од истата влада на СДСМ и ДУИ се сликаа и го најавуваат со години експресниот пат Прилеп-Градско, кој благодарение на нивната неспособност стана епохален. Со вакви слики, нема да успее замајувањето и да се скрие најголемиот грабеж!

Нека излезат од владата и нека одговорат дали преку пенали, аванси и останати трошоци за уште непочнати градежни активности се имаат обврзано да исплатат сума од преку 300 милиони евра? Пратеникот Миле Талески познат по жолчното бранење на неодбранливото, на очајните политики од владата, нека одговори барем пред прилепчани, колку милиони евра се досега исплатени и уште за колку милиони ќе порасне долгот како резултат на катастрофалните услови под кои е склучен овој договор? Почитувани, ваквите милионски суми со кои се расфрла расипничката централна власт, се милионски суми со кои значително може да се подобрат условите во здравството, во образованието, во социјалната заштита и во подобрување на животниот стандард на сите граѓани. Ова се милионски суми кои наместо за пенали, можат да бидат инвестирани во нови болници, во нова опрема, нови амбулантни возила, во лекови за болните кои секојдневно молат за своето здравје.

Со ваков криминал од невидени размери не се приближува Македонија кон ЕУ, напротив се загрозува нашата Европска интеграција за што имаше и официјална реакција за злоупотребата на европското знаменце од официјални лица. После смена на централната власт следува одговорност! Некој ќе сноси одговорност за ваквото милионско заложништво во кое се втурнати граѓаните на Република Македонија, рече Билјана Кузманоска од ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе