ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Вчера се зборуваше за сообраќајна (не) култура -денеска таа веднаш се „примени„ во центарот на Прилеп

871

И, додека, вчера, по повод 11-ти мај „Ден на културата во сообраќајот,

младите, учениците од СОУ Ристе Ристески Ричко„-  сообраќајна струка, заедно со сообраќајната полиција на МВР, ги потсетуваа возачите на почитување на сообраќајните правила и делеа флаери за сообраќајно однесување и почитување  на сите учесници во сообраќајот, само ДЕН по тоа, денеска 12-ти мај,  „сообраќајната култура„  и сето тоа што се говореше, падна во вода!

Тие, вчера порачаа: „ Сообраќајната култура е важна за безбедноста во сообраќајот и не претставува само познавање на сообраќајните правила и прописи, туку истовремено претставува и навика, почитување и применување на правилата. Да се почитуваме меѓу себе, како луѓе и како учесници во сообраќајот и заеднички да изградиме систем на општествени вредности во кој што културата во сообраќајот ќе има водечко место.„- порачаа вчера,  а денеска,  пораките, веднаш„ се заборавија!

Паркирани на место каде што е забрането за запорање, а камо ли за паркирање, четворица возачи, заборавија што вчера говореа младите, и кои пораки ги пренесуваа.

Четири автомобили, попладнево, паркирани во центарот на Прилеп, на место каде е забрането паркирање! Еден од автомобилите, дури се паркирал и на местото каде е означено за автобуси на градскиот превоз. А, трагедијата да биде поголема, тука, во тоа време,  помина и полициски автомобил.  Но, немаше ниту реакција,  ниту акција! Помина-замина!

 

Останаа автомобилите паркирани, и не поместени, повеќе од 1 час! А,  младите идни „сообраќајци“ вчера џабе „трубеа„  и нѐ учеа, нас повозрасните, како треба да се однесуваме совесно во сообраќајот,  со цел подигнување на свеста на сите учесници во сообраќајот, без разлика на „возраста„. Но, ете, тоа е сообраќајната (не) култура,  која како и се’ друго станува селективна. Па, се чини,  она што се говореше вчера  „почитување и применување на сообраќајните правила и прописи„ денеска е заборавено и не применливо – или, за некои важи,  за некои не!  И,  ова , како поговорката со „кучињата и караванот,…сообраќајот и понатаму си врви!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: