ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„МИСТЕРИЈА БУФО“ – нова претстава во театарот „Војдан Черндорински“

312

„МИСТЕРИЈА БУФО“ според Дарио Фо, во режија на Андреј Цветановски, од Театарот „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, е новата претстава која ќе биде прикажана  вторник 15.11. 2022 – 19.30 – претпремиера, среда 16.11.2022 – 19.30 ч. – ПРЕМИЕРА, четврток – 17.11.2022 – 19.30 – реприза.

„Мистеријата Буфо“ги реактуелизира средновековните комични мистерии кои гиизведувале патувачките театарски трупи. Оваа претставафрла мрачно-комичен поглед конапсурдноста на секојдневните неправди; прикажува важни настани од религиозниотживот, но доживеани преку очите на обичните луѓе и случајните минувачи.Животот,чудата и страдањето на Исус се случуваат некаде надвор од сцената, додека во фокусот(барем во поголемиот дел од сцените) е токму обичниот човек.Луѓето секогаш, па дури иво најтешките општествени прилики, наспроти сите прогласи и забрани, успевале да гоизразатсвојот револт и своите потреби, да критикуваат, да се бунат против оние кои гиугнетуваат и да се борат за подобрување на својата состојба.Токму во тоа се состоиполитичката моќ на средновековните религиозни драми:во субверзивната театарска моќна патувачките изведувачи.

Режија:Андреј Цветановски
Асистент на режија: Теодора Силјаноска
Сценографија: Сергеј Светозарев
Костими: Марта Дојчиновска
Музика:Томе Темелкоски, Димитар Ѓорѓиевски и ВИС „Војдан Чернодрински“

Драматург и превод: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска

Играат:
Наташа АЧАНСКИ
Илија ВОЛЧЕСКИ
Димитар ЃОРЃИЕВСКИ
Михајло МИЛЕНКОСКИ
Ангела НАУМОСКА
Марија СПИРКОСКА-ИЛИЈЕСКИ
Александар ТОДЕСКИ
Димитар ЦРЦОРОСКИ

Инспициент: ЕленаИваноска
Суфлер: ЛилјанаБатлеска

Тонмајстор и дизајнназвук: Томе Темелкоски

Светло мајстор: Ристе Гркоски
Сликарисполнител: Пеце Ристески

Реквизитер: Гоце Тодороски
Гардеробер: СнежанаЃорѓиоска
Фризер-перикер: ДаринкаБогоеска
Декоратери: СашоСмоквоски, РобертСтојкоски, ВладимирВладимироски, ЈанеЈанкулоски,
Златко Апостолоски

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе