ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Низа советнички прашања и дискусии на седницата на Совет на Општина Прилеп

178

Долга беше дискусијата поврзана со над 20тина советнички прашања и низа реплики и забелешки на денешната 23та Седница на Советот на Општина Прилеп, на која присуствуваше и градоначалникот, Борче Јовчески, кој, главно одговараше на советниците кои имаа прашања од различни теми: комунални, инфраструктурни, за кучињата скитници и исплатата на лицата кои биле каснати од кучиња  од буџетските средства, за урбанизмот, за социјалната сфера, за административните преструктурирања,  за бесплатниот оброк за учениците, за повисоката цена на водоснабдувањето,  за состојбата со безбедноста во градот, за поддршката за спортот … Опозицијата од говорницата обвини дека градоначалникот не ги реализирарал ветените проекти во 500 те денови од неговиот мандат, а потрошил 2,1 милиони евра и дека покажал најслаби резултати, при тоа покажувајќи и транспаренти на говорницата со содржини за десетина прашања.

Градоначалникот, на прашањата на советниците укажа на блокираната општинска сметка, на наследените долгови и задолжувањата кој ги оставила претходната власт и ги презентираше пред советнците проектите кои се реализирани во 2022 година, при тоа презентирајќи ја повелбата што Прилеп во неговиот мандат градот го доби како признание “најзелен град во Македонија“.

Власта укажа дека претходно изградените проекти завршиле со низа недостатоци, посочувајќи го како пример мостот кај Сточниот пазар, детската градинка во нас. Точила, купените автобуси за градски превоз на метан.

Сепак, според дневниот ред, советниците ја усвоија одлуката за изменување на Статутот на Општина Прилеп, како и  правилникот по статутарната одлука за организирање и одржување на јавни трибини, анкети, предлози и форуми на заедницата во ЕЛС Општина Прилеп. Ги разгледаа и одлуките за усвојување на кварталениот извештај за извршување на Буџетот на Општина Прилеп, за четвртиот квартал од 2022 година, предлог – годишна сметка на Буџетот на Општина Прилеп за 2022 година, предлог- Годишен извештај на Општина Прилеп за 2022 година и предлог – одлука за проширување на средствата на Буџетот на ЕЛС Општин Прилеп, за 2023 година.

На дневен ред пред советниците на 23та Седница на Советот на Општина Прилеп се најде и предлог-одлуката за давање согласност на годишен план за измена на годишниот план за вработување во 2023 година на ЈП за ПУП Прилеп, Предлог-Одлука за усвојување на Финансискиот план на ЈОУДГ,,Наша иднина’’ Прилеп, за 2023 година,  Предлог-Социјален план на Општина Прилеп 2023-2026 како и Предлог-Одлука за утврдување на предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка и предлоот  за потпишување Повелба за збратимување, пријателство и соработка на Општина Прилеп, Република Северна Македонија и Општина Бајрам паша во Истанбул, Република Турција беа едногласно прифатена од советниците.

Советниците се согласија да се отпишат расипаните, дотраени и неупотребливи основни средства и ситен инвентар на три основни училишта и ги одобрија програмите за изведување на научно наставни – екскурзии во учебната 2022/2023 на сите основни училишта во Прилеп.

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: