ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Инспекцијата на терен, а резултатот непознат за „белата вода“ во Прилепското езеро

1.226

Јавноста остана без потврда што денеска инспекторите утврдија на терен кај Вештачкото езеро во проверка на информациите кои вчера молскавично се проширија на социјалните мрежи за наводна бела вода која се влева во хидроакумулацијата преку реката Присад. Неофицијално дознаваме дека Инспекциската служба утринава била во обиколка на терен и утврдила дека водата во езерото била чиста и не постоело опасност од загадување на животната средина.

Но, за ова, денеска освен телефонска комуникација, немаме официјална потврда и известување, ниту од инспекторите, ниту од Општина Прилеп, ниту од Подружница Прилепско поле на АД Водостопанство кое стопанисува со вештачкото езеро. Во очекување на известувањето, да потсетиме: во вештачкото езеро Прилеп граѓаните алармираат дека последниве неколку месеци повремено се влева обоена „бела“ вода. Упатените велат дека е логично е да се претпростави оти станува збор за вода од преработен мермер или вода која е обоена при ископ или експлоатација на мермер.

Од подружница Прилепско поле, во очекување на допис од инспекцискиот надзор велат дека доколку неколтролирано испуштање (обоена) вода со калцификати продолжи, постои опасност да се намали капацитетот на акумулацијата, бидејќи талогот останува на дното од езерото. Напоредно потсетија дека последните испитувања на квалитетот на водата во оваа хидроакумулација потврдиле дека таа е од втора категорија, што го става Прилепското езеро во едно од здравствено најчистите во земјава.

Во меѓувреме на социјалните мрежи граѓани загрижено реагираат по вчерашната објава – видео, од кое се гледа дека станува збор за бела прашина содржана во водата од притоките што се влеваат во Вештачкото езеро.

 

Постојат стравувања од загадување на водата непосредно пред сезоната за наводнување. Подружница „Прилепско поле“ во просек годишно од хидросистемот преку најголемата акумулација опслужува околу 1500 кооперанти за наводнување на земјоделски култури на површина од околу 450 хектари.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: