ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пет лица приведени – шест дена од исчезнувањето на Вања

332

Пет лица се приведени, а во полициското депо на вештачење е и еден автомобил поврзани со исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. Потврдата стигна од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој кажа дека во интерес на истрагата, не може да открие повеќе детали за случајот кој ја потресе Македонија и регионот.

Мајката на девојчето го пријавила исчезнувањето во 8.35 часот на 27-ми ноември, на телефонскиот број за итни повици, 112. Потоа пријавата е проследена до надлежните институции. Таткото пак, официјално го пријавил исчезнувањето во 11 часот, истиот ден, во полициска станица“, соопштија од МВР.

Шести ден од потрагата, во Македонија и регионот се уште медиумите ја објавуваат фотографијата од лицето на Вања и апел да се помогне за нејзино пронаоѓање.

Надлежните информираа дека во околината на центар се пребарани сите подруми, сослушани сведоци, прегледани се видеа од 50 камери, следен е сигналот на телефонот, пребарани се манастири, како и коритото на реката Вардар, а истрагата продолжува.

Инаку, 14-ет годишната Вања Ѓорчевска е висока 175 сантиметри, со кафени очи и темно кафена коса. Носи протези за заби и има бемка на десната страна од лицето.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе