ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Победа со пораз од Тиквеш се прости од ПМФЛ

169

Фудбалерите на Тиквеш ѝ гостуваа на Победа во рамките на последното коло во Првата македонска фудбалска лига. Веќе „прежалениот“ тим од Прилеп немаше резултатски амбиции, меѓутоа ниту пак гостинот од Кавадарци не бркаа ништо.  Она што понуди Победа беше само тоа што поведе прва на овој натпревар и тоа беше едеинствениот нејзин постигнат гол, за на крај да поразот повторно да “зачука„ на нивната врата, па малку бројните гледачи и на овој последен натпревар од ПМФЛ , немаа можност  да видат дека нивниот тим победува на стадионот „Гоце Делчев“.

Остана само запаметено дека беше виден несекојдневен погодок на овој натпревар. На Тиквеш им беше досуден  индиректен удар на шест-седум метри од голог на Победа, а изведувачот успеа да пронајде „дупка“ во бедемот на прилепчани и екипата на Тиквеш славеше со 1:4 како завршинца од оваа натпреварувачка фудбалска сезона.

Од идната сезона Победа се сели еден ранг подолу, во втората македонска фудбалска лига.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: