ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Правда за шестгодишната Јана – протест во Битола

232

Под слоганот „Правда за Јана“, утре од 19 часот на плоштадот „Магнолија“ во Битола ќе се одржи протест поради смртта на шестгодишната Јана која почина пред една недела на Детското одделение во битолската клиничка болница.

Протестот го организираат блиски на шестгодишната Јана која почина на 22 март на Детското одделение во битолската клиничка болница. Девојчето, со симптоми на настинка, покачена температура и дијареја, родителите го однеле на педијатриското одделение и починало додека примало инфузија. Родителите на девојчето изразија сомнеж дека детето не било соодветно третирано.

Најавата за протестот е објавена на социјалната мрежа Фејсбук, а го организираат блиски на девојчето.

Во објавата се посочува дека е доста од нефункционалност на здравствениот систем и воедно на утрешниот протест граѓаните ќе бараат правда за Јана, но и оставки и реформи во здравството.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе