ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Премиерот за опстанокот на локалните медиуми тврди дека се бара решение

247

Локалните медиуми се единствената платфорам каде можат да се изразат граѓаните, а тие секојдневно „умираат„  во не можност да опстанат.  „ Во изминатите години се случи вистинско цунами на изумирање на локални медиуми поради  тешката  финасиска состојба  и не интересот на локалниот бизнис да се рекалмира. А, градот без медиум Е мртов град , како што опшеството без медиуми Е „глуво„ опшество, каде не владее демократија туку диктатура.„-  потенцира новинарите.  Токму поради тоа  во Прилеп,  новинарот на Радио Пела го прашаа премиерот  Ковачекси  „што прави  државата за одржливоста на локалните медиуми , за нивниот опстанок?  Кога ќе се промени, односно, модифицира чл.102 од Законот за медиум ,  ( во кои се вели дека  ДРЖАВНИТЕ ОРГАНИ,  ДРАЖАВНИТЕ УПРАВИ, општините,   јавните претпријатаија, јавните устаносви,  институциите…  НЕ СМЕАТ  да ПРЕДВИДУВААТ  ( од својот буџет,)  СРЕДСТВА  за  ИНФОРМИРАЊЕ и ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ЈАВНОСТА   „ со свои услуги или активности преку приватни радиодифузери”,  се вели во овој член  (а,  јавни локални медиумски сервиси за граѓаните, нема. Има само приватни !)

На ова пашање за состојбата со локалните медиуми во Македонија и начинот на нивно опстојување премиерот, Ковачевски  при посетата на Прилеп соопшти  дека имало предлог од пратениците, членот 102 од Законот за медиуми да се  премодифицираат,  со цел објавате на кампањи од јавен интерес да одат преку медиумите  ,

„Но, на овој предлог му се случи да има огромен број амандмани од партијата Левица, ( од партијата Левица и не можете да очекувата друго. Тоа се класични популисти кои немаат ништо предложено за граѓаните освен  критика за она што се прави за граѓаните). Меѓутоа, какво и да биде решението,  тогаш она што ќе биде за националните медиуми  исто такви кампањи од јавен интерес  без политичко влијание , без можност за злоупотреба од било која политичка партија, ќе треба да важи и за локалните медиуми  и најмалку половина од средствата за тие кампањи ќе мора да бидат доделени за локалните медиуми„- рече тој во Прилеп во контекст на оваа проблематика.

 

Инаку, екс премиерот Зоран Заев, декември 2020, изјави оти наскоро ќе биде даден предлог од Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА) за укинување или промена на членот 102 од Законот за аудио и аудивизуелни медиумски услуги (ААВМУ), „односно негова промена за да може да се помогне на медиумите преку остварување договори со јавни претпријатија, општини и слично во делот на нивната транспарентност и спроведување на нивните одлуки како што се седниците на управни одбори, на совет итн.,2-речет тој,  но до ден денес , тоа не се случи , па локалните медиуми останаа на работ на егзистенција , а локалната новинарската професија стана најслабо платената, која се сведе на „минималец„ и најнеатрактвина локална професија.

 

Револтирани од целокупната ситуација со локалните медиуми 15-тина медиумски прилепските локални работници пораид за лошиот статус кои го имаат , оставени да се снаоѓаа сами за опстанок,  без никаква помош ниту од нивнот здружението на новинари,  деновиве го бојкотираа и присутвото на претседателот на ЗНМ,  кој дојде да побара уште еден мандат за претседател,пред изборнот собрание кое ќе се одржи в сабота на 3-ти декември.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе