ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепска Пиварница: За 100 годишнината – 100 засадени дабови дрвца

126

Кај манастирот „Св. Димитрија“ во близина на с. Селце, вработените од Прилепска Пиварница АД Прилеп денеска засадија 100 садници дабови дрвца како донација од Пиварницата по повод 100-годишнината од нејзиното постоење.

Оваа акција е продолжување на нашата постојана одговорност кон заедницата и нашата зелена агенда за заштита на животната средина, која е еден од главните приоритети на компанијата. Преку еколошка свест за заштита на почвата, воздухот и на водите и со континуирани активности во процесите на производство и инвестициите што ги правиме за намалување на емисијата на штетни гасови, отпадни води и намалување на грамажата на PET-шишињата што ги користиме“ – изјави генералниот директор на Прилепска Пиварница, г. Сашко Самарџиоски.

Ова е втора акција годинава на истата локација. На Денот на пролетта 21 ви март по иницијатива на 9 годишната Миа од прилепското основно училиште „Кочо Рацин“ со донација  од Тила прилепската текстилна компанија за детска облека беа засадени 2 000 дрвца багрем и габер.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: