ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ВМРО ДПМНЕ ги промовираше кандидатите за пратеници

72

ВМРО-ДПМНЕ денеска ги промовираше кандидатите за пратеници на коалицијата „Твоја Македонија“. Од Прилеп на листата на кандидати за пратеници во 4 тата изборна единица се: Дејан Проданоски (4), Петар Ристески (7), Билјана Кузманоска (13) и Никола Златески (20) .  :

„На прагот сме на голема победа. И таа победа зависи од секој еден човек на Македонија. И таа победа нема да биде само наша, туку ќе биде на сите пристојни луѓе кои овој пат ќе решат да излезат на избори и ќе донесат одлука не за нас, туку пред се за себе, за своите семејства, за својата иднина. Работите никогаш не биле потешки, но и никогаш не биле појасни. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата сила за промени кои Македонија мора да ја врати на народот. Македонија мора да остане таму каде припаѓа и државата да почне да функционира, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната промоција на кандидатите за пратеници.

Според Мицкоски овие избори ќе бидат историски важни и клучни не само да се поправат работи и Македонија да се спаси од погрешниот пат и бездна кон која е тргната, туку и се и шанса за да се испрати порака на оние кои со децении ја разграбуваат Македонија.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: