ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепските кандидати за пратеници од ВМРО ДПМНЕ побараа од прилепчани масовна излезност на изборите

248

Кандидатите  пратеници, од 4ИК  од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ  „Твоја Македонија“ од Прилеп денеска се промовираа пред прилешани и побараа масовна излезност за изборите. Дејан Проданоски, кандидатот за пратеник рече:

„Зад нас се 7 тешки години, години во кои освен хаос и безредие, национални предавства и секојдневни понижувања, масовен грабеж врз грбот на народот и целосен крах на системот, тонење на економијата, не видовме ама баш ниту една позитивна работа од владата на СДС и ДУИ. Доста е! Промените се во ваши раце. Од вас зависи во каква Македонија ќе продолжиме да живееме. Дали тоа ќе биде економски стабилна, со инвестиции, развиена во секој поглед, со среќни граѓани кои тука ја гледаат иднината или Македонија опустошена, понижена и обезличена, со граѓани кои размислуваат како да го преживеат денот. Овие избори не се само претседателски и парламентарни избори, овие се избори на кои народот треба да одлучи за својата иднина, а тоа ќе го направиме само ако масовно излеземе на гласање. Само така ќе си ја вратиме државата на правиот пат. Не дозволувајте со седење дома, некој друг да одлучува за вашата судбина. Така штетата ќе биде за сите без исклучок. Со седење дома ќе се казните себеси, но ќе ги казните и вашите деца, роднини, пријатели, сите оние кои сакаат промени. Потребни се избори со референдумска излезност каде секој од вас ќе го даде својот глас и поддршка.Како ВМРО-ДПМНЕ ви ја нудиме програмата Платформа 1198, со која предвидовме остварливи и реални проекти и мерки кои ќе го подобрат животот на секој еден. Македонија е во ваши раце! Со ваша поддршка Македонија ќе ја направиме горда! Број 2 за Гордана Силјановска Давкова и број 2 за Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и пратеници кои ќе бидат глас на прилепчани во следниот манда„- рече Проданоски.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе