ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ (48)

1.394

Пишува Зоран Момироски

  • ПРОТЕСТИТЕ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ. СЕКОЈДНЕВНО ГО ПОВТОРУВААТ СВОЕТО БАРАЊЕ – ЛИНЕАРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ ОД 3.500 ДЕНАРИ. ИМ СЕ ПОГОДИ ВРЕМЕТО, А И МОТИВОТ ДА СИ НАПРАВАТ ДРУЖБА, ДА СИ ГИ КАЖАТ МАКИТЕ И ДА СИ ПОТПОЛНАТ  ДЕЛ ОД СЛОБОДНОТО ВРЕМЕ. ЗА СДСМ ЗАД ОВИЕ ПРОТЕСТИ СТОИ ВМРО-ДПМНЕ. И ОБРАТНО АКО ВМРО-ДПМНЕ Е ВЛАСТ СИГУРНО ТИЕ ЌЕ ОБВИНУВААТ ДЕКА ЗАД ВАКВИ ПРОТЕСТИ СТОИ СДСМ. ВАЖНО Е ДА СЕ  СВРТИ ВНИМАНИЕТО ШТО ПОДАЛЕКУ ОД РЕАЛНИТЕ ПОТРЕБИ И БАРАЊА НА ГРАЃАНИТЕ. БИДЕЈЌИ ТИЕ СЕ БИТНИ САМО ЗА ИЗБОРИ. СЕ ДРУГО Е СЕЕЊЕ НА ,,МАГЛА“ ЛАЖНИ ВЕТУВАЊА. И  БОРЧЕ НАШ КАКО ГРАДОНАЧАЛНИК  ВО СВОЈ СТИЛ, ПРИМИЛ ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА ОВИЕ ПРОТЕСТИ. ТИЕ ПАК НИ ,,ДВА НИ ТРИ“ МУ ПОБАРАЛЕ  ТРИ АВТОБУСИ  ЗА ГОЛЕМИОТ ПРОТЕСТ ШТО СЕ ОДРЖА ВО СКОПЈЕ.,,ИКЕБАНАВА“ КАКО ОД ПУШКА  АКО МУ ТРЕБА НЕ 3 ТУКУ 30  АВТОБУСИ. РАДОСНА ВЕРЧЕ ЈАНЧЕСКА ГИ ИНФОРМИРА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДЕКА БОРЧЕ НАШ ,,МИЛ И РАЗБРАН ЧОВЕК“ ВЕТИЛ  И ТОА ШТО ГО БАРААТ И ТОА ШТО НЕ БАРААТ. АМА СЛЕДНИОТ ДЕН АВТОБУСИТЕ ОД ,,ИКЕБАНАВА“ ГИ НЕМАШЕ. ОТИ  НАВОДНО НЕ МОЖЕЛ ДА НАЈДЕ. ПА НАМЕСТО СО 6 ПЕНЗИОНЕРИВЕ ТИ ЗАМИНАЛЕ СО 3 АВТОБУСИ ОБЕЗБЕДЕНИ ОД ПРИЛЕПСКИОТ СОЈУЗ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ. ВО МЕЃУВРЕМЕ СЛУШАМ ЕДЕН ДОБРОНАМЕРЕН ВЛАДЕАЧКИ,,ЕКСПЕРТ“ ВЕЛИ: АКО СЕ ИСПОЛНЕЛЕ БАРАЊАТА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДРЖАВАВА ЌЕ СЕ ЗАДОЛЖЕЛА ТОЛКУ МНОГУ ШТО И НАШИТЕ ВНУЦИ НЕ ЌЕ МОЖЕЛЕ ДА ГО ВРАТАТ ТОЈ ДОЛГ. СИ ВЕЛАМ:  АБДАЛ ЕДЕН КОЈ ВНУЦИ КОЈ БАКРАЧИ? НАШИТЕ ВНУЦИ СО НИВНИТЕ РОДИТЕЛИ ОДАМНА РЕШИЛЕ И ЈА НАПУШТИЛЕ ДРЖАВИЧКАВА. НИТУ МИСЛАТ НИТУ САКААТ НИТУ ЌЕ СЕ ВРАТАТ. ЗА ЖАЛ, АКО НЕ СЕ ТИЕ И НЕ ИМ ПРАЌААТ ПАРИ, ОВДЕ НИВНИТЕ ДЕДОВЦИ И БАБИ НЕ МОЖАТ И НЕ ЗНААТ КАКО МЕСЕЦОТ ДА ГО ПРЕЖИВЕАТ!!!!

 

  • ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА ОД КАКО И РОДИТЕЛИТЕ И НАСТАВНИЦИТЕ И ПРОФЕСОРИТЕ ДОБРО СИ СЕ НАОДМОРИЈА, ИМ ТЕКНА ,,ТИВКО“ ДА ПРАШААТ ДАЛИ ЌЕ ИМАЛО УЧЕБНИЦИ ЗА ОНИЕ КЛАСОВИ КОИ ВЛАДАВА СО ГОДИНИ ГИ ВЕТУВА, АМА НИКАКО ДА ГИ ОБЕЗБЕДИ. ИСТО КАКО И СО НОВАТА ГРАДИНКА ВО ТОЧИЛА. НА ОВИЕ ОРТОПЕДИВЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ СЕПТЕМВРИ ИМ Е ОМИЛЕН МЕСЕЦ. 2021 ГОДИНА, МУЦКАТА ОД ФАЛБИ И ВЕТУВАЊА  МУ ПРЕСУШИ НА ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ-МУЦЕТО ДЕКА ГРАДИНКАТА ЌЕ ГИ ОТВОРИ ВРАТИТЕ  ЗА БЛИЗУ 300 ДЕЦА. АМА ТОГАШ МИСЛЕШЕ ДЕКА ЌЕ ,,ОТЕПА“ УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ. КОГА СДСМ НЕ МУ ДАДЕ ВТОРА ШАНСА НА ДОКТОРОТ ОРТОПЕД, ДОЈДЕ ЗА НЕГОВ НАСЛЕДНИК ДОКТОРОТ ОРТОПЕД ОД ВМРО-ДПМНЕ, БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ. И ТОЈ КАКО НЕГОВИОТ КОЛЕГА И МЕНТОР, АМБИЦИОЗЕН. ВЕТИ ДО СЕПТЕМВРИ 2022 ГОДИНА ГРАДИНКАТА ЌЕ БИДЕ ГОТОВА. ОД КАКО НЕ  ГО ИСПОЛНИ ВЕТУВАЊЕТО МУ ОПНА ЕДНА ЈАКА КРИТИКА НА МУЦЕТО ДЕКА   ,,НА БАФТАНА“ ЈА ГРАДЕЛ ГРАДИНКАТА. АМА,  СЕГА, БИДЕЈЌИ РАБОТАТА БИЛА ВО СИГУРНИ ДОКТОРСКИ РАЦЕ,  НЕГОВО ЦВРСТО ВЕТУВАЊЕ БЕШЕ ДЕКА ДО СЕПТЕМВРИ ГОДИНАВА СЕ’ ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕНО. СЕГА ВО ОВОЈ СЕПТЕМВРИ, 2023 ГОДИНА, ИЗЛЕЗЕ ДЕКА ФИРМАТА КОЈА ТРЕБАШЕ ДА ГИ ОТСТРАНИ ГРЕШКИТЕ,  НЕ ГО ИСПОЧИТУВАЛА РОКОТ. КАКО ТРГНАЛА РАБОТАТА ДА НЕ ТРЕБА ПРИЛЕП ДА ГО ПОЧЕКА СЛЕДНИОТ СЕПТЕМВРИ?!

 

  • ГОЛЕМА ПРОСЛАВА ЌЕ СЕ ПОДГОТВУВАЛА  ВО ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА ВО ПРИЛЕП. ТРЕБА ДА СЕ ОДРЖИ ДО 8 СЕПТЕМВРИ, А ПО ПОВОД ОДЕЊЕТО ВО ПЕНЗИЈА НА НАЈГЛАВНАТА НА ГЛАВНИТЕ СЕСТРИ. НЕКОИ ОД ВРАБОТЕНИТЕ ТВРДАТ  ДЕКА ПРОСЛАВАТА ЌЕ БИДЕ  ТОЛКУ ГОЛЕМА КОЛКУ СВАДБАТА ШТО НА ВРЕМЕТО  ЈА ОРГАНИЗИРА ПОКОЈНИОТ ПРАТЕНИК,  АМБДИ БАЈРАМ. НЕЈЗИНАТА ПОПУЛАРНОСТ ДОСТИГНА КОЛМУНАЦИЈА  КОГА ДЕНОВИВЕ БЕШЕ ,,НЕНАМЕРНО СНИМЕНА“ ОД БЕЗБЕДНОСНИТЕ КАМЕРИ ВО БОЛНИЦАТА КАКО ВЛЕЧКА ЖОЛТИ ВРЕЌИ ОД ЗАДНИОТ ВЛЕЗ НА БОЛНИЦАТА КАЈ ПАТОЛОГИЈА  ДИРЕКТНО  ВО НЕЈЗИНАТА КОЛА. А, ИНТЕРВЕНИРАЛА СЛУЖБАТА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ. АФЕРАВА ПО ТЕРК НА ФИЛМОТ БОНИ И КЛАЈД, ПУКНА КОГА НЕЈЗИН НАЈБЛИЗОК НА ФБ ОБЈАВИ ЗАКАНУВАЧКА ПОРАКА: “ДОПРВА ЌЕ ИСКЛУЧУВАТЕ ТЕЛЕФОНИ КОДОШИ ЕДНИ. СО ПИЉАВ ПОТКУПЕНИ, ТЕНДЕРАШИ И ПОЛУ КРИМИНАЛЦИ!!! “ МЕНЕ ОВА МИ ЗАЛИЧИ КАКО ОНАА НАРОДНАТА: АРАМИЈАТА ВИКА: ДРЖЕТЕ ГО АРАМИЈАТА?!? ПО ОВА ИМАШЕ БЕЗБРОЈ РЕАКЦИИ. АМА, НЕКОЈ ,,НАРЕДИ“ ПОСТОВИТЕ  ДА СЕ ТРГНАТ. РАБОТАВА ТРГНАЛА ТОЛКУ ДАЛЕКУ ШТО ГЛАВНАВА НА ГЛАВНИТЕ, НАЈВЕРОЈАТНО УБЕДЕНА ДЕКА ИНСТИТУЦИЈАТА НЕ МОЖЕ ДА ФУНКЦИОНИРА БЕЗ НЕА, БАРАЛА ДА ОСТАНЕ УШТЕ НЕКОЕ ВРЕМЕ НА РАБОТА. АМА, БИДЕЈЌИ ЗАКОНОТ НЕ ДОЗВОЛУВА ПОВЕЌЕ И’ БИЛО КАЖАНО ДЕКА НЕ МОЖЕ. НАДВОРЕШНО СОВЕТНИЧКО МЕСТО ПОКРАЈ КЛАЈД БАРАЛ И БОНИ. АМА И ОВАА НЕГОВА ЖЕЛБА И ПОТРЕБА НЕ Е ЗАДОВОЛЕНА. ОВА СО ПРОСЛАВАВА НЕ ЗНАМ  ДАЛИ Е ВИСТИНА ИЛИ МАЈТАП, АМА ДА СЕ БАРА ПРЕКУ ЛЕБ ПОГАЧА Е ПРЕМНОГУ. ЗАКОНОТ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ ЌЕ ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО ФИЛМСКИВЕ ЗВЕЗДИ, ОСТАНУВА ПРАШАЊЕТО ШТО СО ВТОРИОТ ПАР ОД ФИЛМОТ БОНИ И КЛАЈД ОД ЧЕТВРТИОТ СПРАТ. НАВОДНО, СТАНУВА ЗБОР ЗА НЕ ТОЛКУ МАРКАНТНИ ЛИЧНОСТИ. ТИВКО СИ КРЦКАЛЕ  ЛЕФТЕРНО СИ ЗЕМАЛЕ СЕ’ ШТО ИМ ТРЕБА  И ГО КОРИСТЕЛЕ ЗА,,ЛЕКУВАЊЕ“ НА ПАЦИЕНТИ ВО ОПШТИНА ДОЛНЕНИ. ЈАВНО ЈА ЗАМОЛУВАМ ОВАА КОАЛИЦИЈА ДА ПРЕКИНИ СО КРАДЕЊЕ ОТИ НАМЕРАТА МИ Е ЈАВНО ДА ИМ ГИ  ОБЈАВАМ  ИМИЊАТА .И  НА ДОКТОРОТ, И НА СЕСТРАТА, ЕМ НАША, ЕМ МИЛА, ЕМ ПРИЛЕПСКА.

 

  • ДА НЕМА ДЕЛБИ И ПОДЕЛБИ НАЈГОЛЕМ ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ  И ПРИДОБИВКА ИМААТ ДВАЈЦА ПРИЛЕПЧАНИ. ЕДЕН ПОЗНАТ ДОСКОРЕШЕН ВИСОК ФУНКЦИОНЕР ВО СДСМ И ДРУГИОТ ОД ВМРО- ДПМНЕ. ОД ДОСЕГАШНАТА ПОЛИТИЧКА ВМЕШАНОСТ  ПРВИОТ ОД СДСМ  ,,МЕКЊАЧ“ ПО КАРАКТЕР ТИ ИМАЛ ВО ЏЕПЧЕТО ИНКАСИРАНО ОКОЛУ 7 МИЛИОНИ ЕВРА. СИ ТОВАРАЛ И СИ ТРАЕЛ. ДРУГИОТ, ОВОЈ ОД ВМРО-ДПМНЕ И ТОЈ ПО КАРАКТЕР КАКО ПРВОТ. СО ПАРТНЕРИ ОД КИПАР СИ КУПИ НАД 41.000 МЕТРИ КВАДРАТНИ ЖЕЛЕЗНИЧКО СКЛАДИШЕН КОНТЕНИЕРСКИ ПРОСТОР. ВЕЛАТ БИЛО ЕДИНСТВЕНО ВАКВО СКЛАДИШТЕ НА ОВИЕ ПРОСТОРИ. ВО МАКЕДОНИЈА СТО ПОСТО ЕДНО И ЕДИНСТВЕНО. НА ДВАЈЦАТА КАПА ИМ СИМНУВАМ. ЕМ ВО ГРАДОВ НАЈМАЛКУ СЕ ЗБОРУВА ЗА ДВАЈЦАТА, ЕМ ПОЛИТИКАТА ЈА РАЗБРАЛЕ ЕПТЕН ПРАВИЛНО.

 

  • ПРИЛЕП Е ЕПТЕН ЗАБАВЕН ГРАД. АКО СУШТИНСКИ ГИ ГЛЕДАШ РАБОТИТЕ ТОГАШ НЕРВИ ЧОВЕК ЌЕ СИ ,,ИСКИНЕ“. АКО ЈА ГЛЕДАШ КАКО НА МАЈТАП ТОГАШ ЌЕ СЕ ЧУДИШ И ЌЕ СЕ СМЕЕШ. ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРЈАН РИСТЕСКИ МУ ОБЈАВИ ТИВКА ЗАБАВНА ,,ВОЈНА“ НА АКТУЕЛНИОВ  БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ.  ДЕНЕСКА (ПЕТОК) И УТРЕ (САБОТА) РИСТЕСКИ ОРГАНИЗИРА ПРИЛЕП АУТЛЕТ ВИКЕНД. СО МНОГУ ЗАБАВА ВО СТАРАТА ПРИЛЕПСКА ЧАРШИЈА, КОЈА СПОРЕД ДОГОВОРОТ, БИ ТРЕБАЛА ДА БИДЕ ОТВОРЕНА ДО ПОЛНОЌ. А, СЛЕДНИОТ  ВИКЕНД, ВО ТРАДИЦИОНАЛЕН ТЕРМИН ПРИЛЕПСКИОТ ВИКЕНД  ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ. ВО ИСТИОТ ТЕРМИН ЈОВЧЕСКИ РЕШИ ЗА ИНАЕТ НА ,,ЗЛОНАМЕРНИЦИТЕ“ И НА РИСТЕСКИ ДА  ГО ОРГАНИЗИРА ,,ПРИЛЕП ПИВО ВИКЕНД “. ДОДЕКА РИСТЕСКИ ЌЕ СЕ ЏЕЗИРА, ЈОВЧЕСКИ ЌЕ МУ КОНКУРИРА. НАЈВЕРОЈАТНО СО АЦА ЛУКАС. НЕМАМ НИШТО ПРОТИВ ЗАБАВИ. НА НАРОДОТ  МУ ТРЕБА. АМА НЕ МИ Е ДО КРАЈ ЈАСНО КАКО Е МОЖНО СЕГА КОГА ВЕЌЕ  МУ УДРИ ,,КРСТ“  НА МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ НА ПИВОТО И СКАРАТА  ,,ПИВОФЕСТ“ КОЈ  ПАТЕМ  СЕ ОДРЖУВАШЕ ОКОЛУ ПЕТРОВДЕН, СЕГА ДА ПРАВИ ТРИДНЕВНА ЗАБАВА НА 1-ви СЕПТЕМВРИ?!  ДАЛИ ОВАА НОВО ИМЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈА, СО ИСТА СОДРЖИНА КАКО ПИВОФЕСТ, ЌЕ БИДЕ ВО ЗНАК НА ПОЧЕТОК НА УЧЕБНАТА ГОДИНА?!? ПА, ПОКРАЈ ПИВОТО ЌЕ ДЕЛИ МОЛИВЧИЊА И НАЛИВЧИЊА И ТЕТРАТКИ СО ТЕСНИ ШИРОКИ ?!? И, КАДЕ НИЗ ГОДИНИТЕ НАНАЗАД  ЌЕ БИДАТ ОВИЕ НАШИВЕ ИСЕЛЕНИЦИ  КОИ ЖИВЕАТ ВО СТРАНСТВО. ТИЕ НЕМА ДА ГИ ИМА, БИДЕЈЌИ  СИ ЗАМИНАА УШТЕ ВО ПРВАТА ДЕКАДА ОД ОВОЈ МЕСЕЦ. ИЛИ, ОВАА НОВОИМЕНА, ПОПРАВНА  МАНИФЕСТАЦИЈА  ЌЕ БИДЕ ЗА НАС САМИТЕ. ТОА, МЕЃУНАРОДНО, НИТУ НИ’ ТРЕБА НИТУ ГО САКАМЕ. НИТУ  ГО МИСЛИМЕ!

 

  • СОСЕМА ЗА КРАЈ ДА ПРАШАМ: СЕ ЗАГОВАРААТ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ!!!! ПО МОЖНОСТ ПРЕДВРЕМЕНИ. АМА СИТЕ ПОСАКУВААТ И СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА РЕДОВНИ НА ПРОЛЕТ. ВО ВАКВИ ПРИЛИКИ ОВА НАШАВА ,,ТИВКА“ ПРИЛЕПСКА КОАЛИЦИЈА МЕЃУ ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ ПРОДОЛЖИ СО МЕЃУСЕБНАТА ДОГОВОРЕНА АКТИВНОСТ ?!? ИЛИ, АКО НЕ ПОВЕЌЕ БАРЕМ КОЛКУ ЗА ПУБЛИКА ЌЕ ПОЧНАТ ПРЕКУ ИЗЈАВИ ДА СИ КАЖАТ ПО НЕКОЈ КРИТИЧКИ ЗБОР?!? ОТИ КОЛКУ ЗНАМ, НЕМАШЕ СИЛНИ ПАРТИСКИ РЕАКЦИИ ЗА СООБРАЌАЈКАТА БЛИЗУ ТУНЕЛОТ КАЈ КАТЛАНОВО. ИАКО ВО НЕА СО СЛУЖБЕНОТ АВТОМОБИЛ ОФИЦИЈАЛНО УПРАВУВАН ЛИЧНО  ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈОВЧЕСКИ, ИМА И ЛИЦЕ СО ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ. НЕМА РЕАКЦИИ  И ЗА ЗАГУБИТЕ НА ВОДА ВО ГРАДСКАТА ВОДОВОДНА МРЕЖА И ТОА ВО  ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ. НЕ ИСКОСЕНАТА ТРЕВА  ШТО ГОРЕШЕ НА НОВИТЕ ГРАДСКИ  ГРОБИШТА. АМА, И ЗА ТОА КОЈ ГО УНИШТУВА ЗЕЛЕНИЛОТО ВО ГРАДОВ? АМА, И ФОНТАНИТЕ И ЕЗЕРЦАТА ВО ТОЧИЛА И НА ДРУГИ МЕСТА. КАКО ФУНКЦИОНИРААТ СЕМАФОРИТЕ ВО ГРАДОТ?!? А, ДА НЕ СПОМЕНУВАМ И ЗА ДРУГИ АНОМАЛИИ ВО ОПШТИНАТА И НА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ. ВИ СЕ ЧУДАМ НА УМОТ. И НА ЕДНИТЕ И  НА ДРУГИТЕ – КАКО НЕ ВИ ПРЕЧИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА ЛЕЦЕ КОЦЕСКИ. ДЕСЕТ МЕСЕЦИ ДА СЕ РЕКОНСТРУИРААТ  2 КИЛОМЕТРИ ИЗЛЕЗ ОД ПРИЛЕП ЗА КРУШЕВО. И, ВООПШТО НЕ ВИ ,,ПУКА“ КАКО И ПОД КОИ НЕНОРМАЛНИ ИНФРАСТРУКТУРНИ УСЛОВИ ФУНКЦИОНИРААТ СИТЕ СТОПАНСКИ СУБЈЕКТИ КОИ СЕ ЛОЦИРАНИ НА ОВОЈ ДЕЛ ОД ГРАДОТ. ДУРИ БЕЗ СТРАМ ЌЕ СЕ ЧУКАТЕ ВО ГРАДИ ДЕКА ОВА Е ,,ВАШ“ ПРОЕКТ.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе