ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ристески пред српските градоначалници: Транспарентноста и отчетноста е успех за локално владеење

204

Во организација на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), во Сокобања, Србија, се одржа дводневен настан за концептот на транспарентно, одговорно и отчетно локално владеење на кои како предавач бил поканет и екс прилепскиот градоначалник, Марјан Ристески. Предавањето било дизајнирано со цел присутните да се опремат со практични примери, вештини и стратегии кои се неопходни за транспарентно работење во интерес на граѓаните и заедницата.

Со дванаесетгодишното искуство како Градоначалник на општина Прилеп, ги споделив практиките за успешно локално владеење со присуните на настанот од Србија. Бидејќи, најважните елементи во процесот на јакнење на интегритетот и постигнувањето успешни резултати се транспарентноста и отчетноста, неопходно е нивно подобрување во континуитет. За да изградиме институции во интерес на граѓаните, транспарентноста е прашање што треба да го надоградуваме.“ објави на FB екс градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески кои бил поканет како предавач презентирајќи го своето 12годишно  искуство во раководењето на локалната самоуправа на општина Прилеп

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе