ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Се уредува станбената населба пред мостот кај касарната

563

Долгогодишното барање на жителите од станбената населба на ул,, Васко Карангелески ’’, пред мостот кај касарната ,, Мирче Ацев’’, конечно започна да се реализира и зависно од временските услови за два до три месеци овој запоставен простор околу зградите, но и околните куќи, ќе добие комплетно нов лик. ЈКП,, Комуналец’’- Прилеп и Локалната самоуправа започнаа да го оплеменуваат просторот, односно започна  партерното и хортикултурното уредување согласно важечкиот Детален урбанистички план.

„Овој простор ќе содржи неколку зелени површини , изведба на бекатон патеки на 1200 м2 кои станарите ги немааат од 1971 година, од кога и датира овој станбен комплекс, како и ивично обележување во должина од 500 метри. На дел од паркинг просторите ќе се поставува набиен тампон, а визуелниот изглед ќе се збогати со хортикултурно уредување со листопадни и зимзелени украсни дрвја. Посебно внимание ќе се посвети на определување на еколошки острови и поставување на комунална инфраструктура за одлагање на отпад исфрлање на отпадоци. За потребите на паркот е ископан бунар за технолошка вода кој е предуслов за изградба на парковски површини и летно одржување.„, велат од ЈКП Комуналец

Локалната самоуправа се реши да го осовремени и оплемени овој простор поради потребите на жителите кои со години имаат проблем , односно станарите се соочуваат со исфрлање на огромни количини на отпад кој се носи од околните улици и се исфрла помеѓу зградите, со што им е загрозено семејното домување, но и здравјето на жителите.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе