ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Изборна година: Што очекуваат прилепските бизнисмени од политичарите?

382

Како изборниот процес се рефлектира врз водењето бизнис и кои барања и предлози ги имаат прилепските стопанственици до политичарите во време кога тие ги формираат програмите за претстојните претседателски и парламентарни избори? Како се рефлектираат проблемите со патните документи врз извозот? Најгорливи прашања за прилепските бизнисмени се поврзани со надминување на проблемите предизвикани со новите патни исправи, инфраструктурата и урбанизмот.

–  Оваа година ќе биде предизвик за целото стопанство. Кога е изборна година стопанството малку затајува, односно е во стен-бај позиција додека не се разрешат политичките услови во државата. Меѓутоа ние како компанија оваа година славиме 100 години јубилеј од постоењето, така што не’ очекуваат позитивни предизвици. Се надевам дека за доброто на сите граѓани ќе има што да понудиме и да бидат задоволни – рече Сашо Самарџиоски од Прилепска пиварница.

Запрашан дали и колку проблемите со патната документација се одразуваат врз работењето на неговата компанија, Самарџиоски посочи дека Прилепска пиварница нема некои проблеми, меѓутоа целото стопанство би било во незавидна состојба ако проблемите потраат, бидејќи сите извозни дејности трпат.

 -Сигурно дека ако оваа потрае малку подолго целото стопанство ќе биде во незавидна позиција, затоа што ќе си ја затвориме сами вратата за извоз. Ако продолжи понатаму тоа би било неподносливо опкружување за водење на бизнис. Очекувам дека што побрзо ќе се разрешат проблемите со документите за патување и дека нашите компании кои веќе имаат договори за извоз, дека нема да можат да ги испочитуваат роковоте само заради бирократски проблеми. Сите извозни дејности трпат и не смее да се доведеме во ваква ситуација. Некои работи не зависат од нас стопанствениците. Политичарите треба за она што се платени да си ја завршат својата работа- рече Самарџиоски.

На новинарско прашање што би им порачал на политичарите во време на изборна година тој потрнцира:

– За жал бизнисот е тесно поврзан со политиката. Она што сакам да им порачам е прво да се смират страстите во предизборието, да не се повикува народот на  поделеност. Сепак, после изборите треба повторно заедно да седнеме и да работиме. Очекувам дека што побрзо ќе заврши изборниот процес, да се знае кој ќе ја преземе улогата на лидер во Парламентот и во Владата, и, да ги продолжиме сите оние активности кои што се во тек за доброто на целото општество, на сите граѓани- посочи Самарџиоски.

Подобрување на инфраструктурата останува во фокусот на барањата од прилепските стопанственици до политичарите. Брза реализација на експресниот пат и на автопатот, како отворените прашања со урбанизмот, посочи Никола Мариноски, новиот претседател на Регионалната стопанска комора Прилеп:

– Оние потреби кои ги има стопанството ќе пробаме во овој предизборен период да ги доставиме до политичките партии и да ги инкорпорираат во нивните програми и овој Пелагонски регион, кој е најголем по допринос во бруто домашниот производ по Скопскиот регион, сметаме дека подобро ќе се развива. Сметаме да се продлабочи соработката со општината во делот на изработка на детални урбанистички планови, а ќе побараме изработка на нов Генерален урбанистички план, сите тие работи за развој и раст на стопанството. Долго време го бараме тоа автопатско решение помеѓу Прилеп и Велес. Порано овој процент за учество во бруто домашниот производ беше 13 %, а уште поназад во историја и до 16 и 17 %. Тоа значи дека циркулацијата ни е потребна, автопатските решенија ни се потребни, за да можеме повторно да се вратиме на оние патеки на кои бевме претходно, истакна Мариноски.

Досегашната претседателка на Регионалната стопанска комора Ирена Јакимовска, генерален менаџер на Комфи Ангел прогнозира дека оваа година ќе биде една од најтешките години:

– За жал сме во предворието на една од најтешките години од овој век, во дело на креирањето на додатната вредност на капиталот. Но, она што можам да го кажам со гордост е дека навистина во Пелагонија и во Прилеп има компании со кои што можеме да се гордееме. Има компании и работодавчи кои достоинствено се носат со сите предизвици. Епилогот од тоа е зголемен обрт особено оние кои што се извозно ориентирани, со намален профит. Она што си го препорачувам себе си и на сите работодавци во Прилеп е дека главниот фокус треба да ни биде животниот стандард на луѓето. Без добар животен стандард, без среќен работник никогаш нема да ја постигнеме целта и нашата визија и мисија. Затоа во идниот период фокусот треба да биде кон оној кој што ја создава таа додатна вредност, а тоа е работникот -посочи Јакимовска.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: