ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Снегот во април ги забели планините, а утре се очекува нова снежна покривка

431

Иако е втората половина на април, снегот се појави на повисоките места. Студеното време донесе дожд во низите и снег на планинските предели. На повисоките населени места снежната покривка достигна повеќе сантиметри. Според информациите од АМСМ снег врне на Стража , Лазарополе, Маврово, дебарско…

Во западниот дел од државата, на повисоките места сеуште се бележат врнежи од снег, но засега не претставуваат пречка за одвивање на сообраќај. Сепак, од АМСМ препорачуваат внимателно возење поради влажните коловози.

Во другите делови од државата, има интензивни врнежи од дожд. Минималната температура изнесуваше и мунус два на повисоките места, а на пониските, се движеше во интервал од 4 до 8 – максималната од 10 до 17 степени. На Попова Шапка и во Лазарополе утрово се измерени -2 степени Целзиусови, нула во Берово, Маврови Анови, 1 во Крушево, 4 во Прилеп…

Што се однесува до дождот , поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената, посочуваат од УХМР.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре и во вторник на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Поради спуштање на постудена воздушна маса утре на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе