ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Супер издание на прилепските боксери во првото коло од првата и младинската бокс лига на Македонија (ФОТО)

Уште една успешна бокс приказна за боксерите на боксерскиот клуб Ас

370

Почетокот на првата и на младинската боксерска лига на Македонија , за прилепските боксери се претвори во одлично издание.Во Скопје беа видени 13 борби во сите конкуренции. Од Боксерскиот Клуб “АС” од Прилеп пријавени беа четири боксери. Категорија кадети: – 60 кг. Димитар Талимче Категорија јуниори : – 54 кг. Џастин Демироски – 63 кг. Влатко Димески Категорија сениори : – 75 кг. Николче Житошански, Талимче на ова коло немаше борба.

Дебитантот Демироски загуби од Ајрушов од БК”Фам Демирови” Штип. Влатко Димески победи со технички нокаут во првата рунда против Андреј Јанески од БК. “Пелистерски Јунак” Битола. Николче Житошански победи со технички нокаут во првата рунда против Стефан Цингаровски од БК “Иниверзаци” Скопје. Од таборот на прилепчани се задоволни  од настапот на своите боксери боксери.Тие истакнаа дека  докажуваат  дека се клуб на боксерски град а нивните  спортисти  прават успеси со напорна работа.

Резултати 1.коло Прва и Младинска лига:

Кадети
40 кг Алишан Рустемовски (Пелистерски јунак) – Михаил Аврамовски (Алексо Огненовски) 2-1
40 кг Мухамет Мехмедов (Пинк пантер тим) – Шаин Реџеповски (Фамилија Демирови) 0-3
50 кг Хајредин Шериф (Пинк пантер) – Туран Демиров (Ф. Демирови) 0-3 ТКО Р1

Јуниори
54 кг Бојан Трајковски (10/60) – Бирџан Еминов (Ф. Демирови) 0-3
57 кг Џастин Демироски (Ас) – Сонер Ајрушов (Ф. Демирови) 0-3 ТКО Р2
63 кг Димитар Ѓорески (А. Огненовски) – Иле Маневски (Штип) 3-0
63 кг Андреј Јанески (Пелистерски јунак) – Влатко Димески (Ас) 0-3 ТКО Р1

Младиници
60 кг Ангел Кочоски (Јордан Мијалков) – Марио Николов (Пинк пантер) 3-0
71 кг Наум Стојаноски (А. Огненовски) – Христијан Арсовски (Пелистерски ј.) 3-0 ТКО Р3
80 кг Енри Хани (Синди) – Никола Кисковски (Аперкат) 0-3 предадена Р2
86 кг Давид Здравевски (Нокаут) – Ери Хани (Синди) 0-3

Сениори
67 кг Александар Николоски (10/60) – Ружди Рустемовски (Пелистерски ј.) 0-3 пред. Р2
75 кг Николче Житошански (Ас) – Стефан Цингаровски (Униврезлаци) 3-0 ТКО Р1

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе