ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ИЗНЕНАДУВАЊЕ ИЛИ НЕ’ – Победа ги загуби бодовите против Кожув (ФОТО)

Конечни 0:1

265

Без втора гарнетура на дресови но со гол во мрежата на Победа , Кожув ги однесе бодовите од Прилеп.Единствениот погодок љубителите на фудбалот на градски го видоа во второто полувреме, за жал во мрежата на своите пулени.За играта , Победа поопасна при крајот на првото полувреме и на почетокот на второто.Гостите, откатко се прилагодија на играта на теренот и создадоа две шанси од кои едната ја одбрани голманот Столевски , успеаа да ги разочараат присутните со гол на една минута до крајот на регуларниот дел од мечот, кога во 89 минута го поставија конечниот резултат.Голот е запишан како автогол.

За силниот поддржувач на Победа , Александар Мирчески – Келевчето , кој беше долгогодишен член на навивачката група “Мајмуни” пред почетокот на натпреварот сите прусутни му оддадоа почит на преранопочинатиот,со едноминутно молчење.

РЕЗУЛТАТИ: Победа – Кожуф 0:1, Охрид – Новаци 2:2, Беласица – Саса 1:1, Осогово – Детонит 1:3, Башкими – Караорман 5:1, Тетекс – Вардар Н. 1:2, Беса – Скопје 2:1, Пелистер – Арсими 3:0.

ТАБЕЛА: Беса 63, Пелистер 57, Детонит 49, Арсими 41,Охрид 38, Скопје 35, Башкими 34, Беласица, Кожуф и Вардар Н. 31, Новаци 25, Тетекс 24, Победа 23, Осогово 20, Саса 18, Караорман 15.

СЛЕДНО 25. КОЛО (20 април во 16 часот): Караорман – Победа, Пелистер – Охрид, Арсими – Беса, Скопје – Тетекс, Вардар Н. – Башкими, Кожуф – Осогово, Детонит – Беласица, Саса – Новаци.

 

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: