ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Трајче Каралиоски го промовираше видео записот на песната Софка на татко (ВИДЕО+ФОТО)

Уште еден впечатлив видео запис на Трајче Каралиоски

1.231

Својата долгогодишна музичка “ризница” , Трајче Каралиоски ја збогатува со уште еден видео запис на познатата Софка на татко.На својата публика ,Каралиоски и ја доближи оваа музичка композиција со својот препознатлив стил , весело и со сегменти презентирани на карневалот Прочка во Прилеп.Како вокал кој ја негува македонската народна песна , Каралиоски потврдува дека и понатаму ќе остане верен на публиката , изненадувајќи ја со вакви видео записи кои остануваат засекогаш и потсетуваат дека е важно да се негува македонската песна.

 

Во наредниот период следува  уште една препознатлива македонска патриотска композиција, која ќе го  добие својот видео запис кој се подготвува и за извесен период ќе биде достапен на социјалните мрежи , и сите оние кои сакаат вакво парче на музика ќе имаат можност да ја слушнат и видат.Тоа е секако песна посветена на Методи Патчев , вели Каралиоски за Радио Пела. 

За сите оние кои досега не го виделе записот , еве можност да се погледне , слушни и секако да се сподели со сите кои ја сакаат нашата музика а сигурно ги има многу Македонци кои милуваат да го слушаат македонскиот музички ритам.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: