ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Рано утрово му се запалила гаражата и му изгорел автомобилот

1.070

Утрово, (21.02 2024)  во 04.51 часот,  во ОВР Прилеп било пријавено дека, настанал пожар во гаража, сопственост на М.И.(59) од Прилеп.  Екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп интервенирала навремено и  го изгаснала пожарот, но не успеала да го спаси автомобилот кој бил во гаражата.

При пожарот на гаражата опожарено е патничкото моторно возило „опел инсигнија” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на М.И.  За среќа  повредени лица нема.

Увидот го извршила увидната екипа на Полициската станица  Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од СВР Битола

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: