ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

До 11,оо часот гласале 10.570 прилепчани, а излесноста е 17% – најаниска во Долнени 7%, а највисоко во Кришево 20%

248

Според ЕИС (Единствен избирачки список) во Општина Прилеп има 61 169 гласачи од кои вчера своетo право на  глас го оствариле 48 прилепски затвореници, 35 штитеници од Домот за стари и изнемоштени лица „Киро Крстески Платник“ и 4 лица од странство, информира претседателот на ОИК Прилеп, Валентин Божиноски.

Според ОИК и ДИК до 11.оо часот излезноста во Прилеп е 17,26% , а според партиски извори излезноста на гласачите во Прилеп до 12,оо ч била  24%. Според ДИК во Општина Прилеп, до 11 часот, бројот на избирачи, кои излегле да остварат своето право на глас  ге 10.570. Во општина Прилеп се гласа на 142 избрачки места.

Досега не се евидентирани нерегуларности , инофмираат од ОИК -Прилеп, освен со фингер -принт апаратите кои знаеле да затаат, а проблемот се надминувал со помош на евидентирање на гласачот со  помош на лична карта,вели Божиноски од ОИК-Прилеп

Во соседната општина, Општина Кривогаштани, излезноста до 11 часот според ДИК  е 14% , односно од вкупно 4.430 гласачи своето право на глас до 11,оо часот го оствариле  639.

Во  Општина Долнени, излезноста до 11 часот според ДИК е најниска 7 % , односно од вкупно 11.740 гласачи, своето право на глас до 11,оо часот го оствариле  904 .

Во  Општина Круешево, излезноста до 11 часот според ДИК, е највисока во пелагонискот регион,  20 % , односно од вкупно 7.775 гласачи, своето право на глас до 11,оо часот го оствариле  1.583.

Избирачките места ќе бидат отворени до 19,оо часот.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе