7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилепчани: Ем плаќаме за јавно осветлување, ем улиците се темни!

Прилепчани веќе неколку дена во поголемиот дел од градот, се движат по темни и недоволно осветлени улици. Оние кои одат пеш во ноќните часови, ги користат телефоните да им служат како светилки или улиците се „осветлуваат„ преку автомобилските фарови, а уличните светилки остануваат не вклучени. Вечерва , уличните светилки  не функционираа на едносмерните улици покрај речното корито, ул. “Александар Македонски“,  ул „Кузман Јосифоски -Питу“ , улиците на Рид итн..   а, на недоволното улично осветлување и на темниот град регираа граѓаните на социјалните мрежи кои бараат да ја добиваат услугата за која секој месец, како домаќинства, одвојуваат 180 денари на име такса за јавно осветлување.

„Срамота е и тоа голема, а плаќаме улично осветлување, а улично нема“.
„Ова го немаше никогаш. Никогаш во живот досега, 70 години ќе правам, ова не било .“

„…Улиците да се осветлат,  инаку вака е страшно да се движиме низ градот.“

„Децата од училиште си идат по темни улици..не е во ред..„

Бараат прилепечани осветлени улици и ги повикуваат локалните власти да реагираат, бидејќи „одржување на јавното осветлување е нивна надлежност„- велат тие.

До нашата редакција веќе пристигнуваат реакции од граѓани кои бараат осветлен град и одговор од надлежните зошто Прилеп и прилепските улици почесто се наоѓаат во мрак.

По одлука на Општина Прилеп, редуцирање на уличното осветлување, заради заштеда на ел.снергија поради тогашната високата цената на електричната енергија, на територија на Општина Прилеп беше спроведена во јули 2022 година. Тогаш  рестрикцијата на уличното осветлување  созаде тешкотти во сообрајќајот и при движењето на пешачките созни во ноќните часови. Тогаш и, поркја почитувањето на таа одлука, никој не информира, колку Прилеп заштеди тогаш со рестрицијата на уличното осветлување кое траеше со недели.

Би можело да ве интересира

Известување за дезинсекција на територија на општина Прилеп

Пела Редакција

Започна едукативната програма на МТФ “Војдан Чернодрински”

Гордана Цветаноска

Одводен канал за атмосферска вода – нов значаен инфраструктурен проект на ЈКП В и К

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе