16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Да се укинат договорите на дело бараат од Здружението на медицински сестри, акушерки и стоматолошки сестри „За Нас“(ВИДЕО)

Медицинските сестри денеска – 12 мај го одбележуваат Меѓународниот ден на медицинските сестри. По тој повод , но пред се’ да се сврти вниманието за значењето и важноста од оваа професија за заедницата, Здружението на медицински сестри, акушерки и стоматолошки сестри „За Нас“, ОВР Прилеп, ТППЕ Прилеп и Итната помош во центарот на Прилеп се одржа симултана вежба – импровизирана сообраќајка меѓу мопед и велосипед. Во симулацијата „со тешки телесни повреди“ беа три лица.

– Целта на овој наста е граѓаните да се уверат дека нашите служби можат да интервенираат брзо и ефикасно при случај на животозагрозувачка ситуација, посочи доктор Андреј Ристески.

Професијата медицинска сестра не е доволно почитувана и платена велат од Здружението на медицински сестри, акушерки и стоматолошки сестри „За Нас“, иако најголем дел од работатa во примарното здравство ја вршат токму тие. Не се почитуваат ниту прописите бидејќи само во Прилеп недостигаат 20% од потребниот број на медицински сестри.

– Конкретно за Прилеп да кажам дека ситуацијата е навистина алармантна. Недостигаат над 20 % од профилот медицинска сестра. Често се случува да заминат и се пренасочуваат кон сосема друга професија бидејќи не се доволно платени, не се доволно почитувани, се деградирани во општеството и во професијата. Се соочуваме со сестри кои што долги години работат со договор на дело, бараме тоа да се укине, да се добијат контретни решенија, ние од Унијата постојано тоа го потенцираме и ниските плати. Конкретно би спомнала за примарното здравство дека сестрите не се доволно почитувани, 90 отсто од колешките работат на минималец. Бидејќи се покачи капитацијата очекуваме во наредниот период да се покачи и платата за медицинскиот персонал, да се валоризира нивниот труд на работните места, вели Елизабета Настеска, медицинска сестра.

Во симулацијата учествуваа ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, здравствена струка – медицинска сестра/техничар кои се членови на здравствено-едукативната секција „Здравје без граници“, под менторство на стручните наставници Наташа Ванчева и Ленче Јованоска. Учениците бесплатно мереа шеќер и притисок за граѓаните присутни на настанот.

– Хуманоста, солидарноста, емпатијата и желбата да помагам на другите беа главниот поттик и основата поради кои што ја избрав оваа професија. Токму поради тоа сакам и да го усовршам моето образование. Бидејќи сум матурант се надевам дека ќе ме примат на Медицински факултет за да го доусовршам моето образование и да станам доктор да ги лекувам моите сограѓани во Македонија, вели Михаил Јорданоски, ученик во СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп. 

 

Би можело да ве интересира

БЕХТЕЛ и ЕНКА бара 4.000 градежни работници од Македонија

Пела Редакција

Се чисти депонијата во пределот кај т.н карпа „Скаменета Баба„ која се користи за болдеринг

Дизелот поевтинува од полноќ

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе