5 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Текстилната струка СОУ „Ѓорче Петров“: Некому текстилот му е отпад, некому матерјал за работа

Денеска прилепчани рециклираа текстилен отпад . На камена бина на плоштад Александрија –  носеа : фармерки, џемпери, шалови, јоргани и останати видови на текстилни производи кои им пресавуваа вишок и ги оптоваруваа нивните домови, ставајќи ги во сините контејнери  „Хипо„  како текстилен отпад. Но,  некому текстилот му е отпад, некому матерјал за работа.
Ученици  од телкстилно-кожарската струка СОУ “Ѓорче Петров„  знајеќи ја важноста и можноста за што може тесктилниот отпад да се употреби, денеска цртаа, сликаа, редизајнираа парчиња од текстил, на самото место на настанот.
Исто така, тие презентираа и продаваа производи кои сами ги изработуваат на часовите по практична настава,  следејќи ја идејата ,,Повеќе да креираме или донираме, помалку да фрламе”.
И, така во еко  акцијата за собрање на текситлен отпад несебично се вклучија и ученици од телкстилно-кожарската струка од  СОУ “Ѓорче Петров”  , како  дел од активностите кои Тексомак, SALAR International,  заедно со Општина Прилеп, ЈКП Комуналец – Прилеп и   компанијата ,,Комфи Ангел”  ја организираа со цел да ја поттикнат свеста за селекција, рециклирање и реупотреба на текстилниот отпад кој е еден од најголемите загадувачи на животната средина.

Би можело да ве интересира

Почна второто полугодие од учебната година- учениците од денеска во училишните клупи

Елизабета Филипоска

„Слободно театарче“ е дружба, љубов и ентузијазам (ВИДЕО)

Pela

(фото) Синоќа во преполнетата сала средношколците го креваат гласот против трговијата со деца за принудени бракови преку театарска претстава „Маѓепсан круг“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе