

Со овие инвестиции обезбедуваме поквалитетни услови за учење и развој на нашите ученици. Децата се нашата иднина, и секој вложен денар во нивното образование е инвестиција во подобро утре. Заедно со директорот на училиштето го посетивме ова подрачно училиште и учениците кои се инспирација за нашата посветеност и работа. Локалната самоуправа ќе продолжи да ги поддржува сите основни и средни училишта во општината. Заедно ќе изградиме силна и успешна млада генерација која ќе биде пример и гордост за Прилеп.“ напиша градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески на својот ФБ профил, по посетата на подрачното основно училиште на ООУ Климент Охридски во с. Мажучиште


„Запомнете, учениците од с.Мажучиште се важен дел од нашето училиште, без разлика каде учат. Нивниот труд и посветеност се основа на нашите идни успеси. ‘
Во подрачното училиште во с. Мажучиште учат 12 ученици од прво до петто одделение, во две паралелки, комбинирана настава.