СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

69 години постоење на “Војдан Чернодрински “- Прилеп,во исчекување на нова театарска куќа и подобри услови

1.552

Со претставата „Пиреј“ од Петре М. Андреевски во режија на Љупчо Ѓоргиевски, вечер од 19:30 часот, прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ ќе ја одбележи 69- годишнината од постоењето. Точно на денешен ден 1950 година е одиграна првата претстава на театарот – „Кир Јања“ од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски.

Прилепскиот театарот  е еден од најуспешните македонски театарски  ансамбли. Од своето постоење тој бележи голем развоен пат и многу успеси на домашната и меѓународната сцена, добитник на бројни домашни и меѓународни награди и признанија за претставите и за уметничките креации на актерите. Ансамблот освојувал највисоки награди на меѓународниот фестивал МЕСС во Сараево (2008 година најдобра претстава „Тапани во ноќта“), на „Експонто“ во Љубљана, на Фестивалот на актерот во Никшиќ, на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, на фестивалот „Ристо Шишков“…

Но,и покрај сето оваа прилепската театарска куќа се соочува со лоши услови за работа,во старата зграда на театарот,за што,неодамна, јавно проговорија актерите. Најави имаше од прилепските градски власти, за изградба на нова театарска куќа, но се уште нема конкретен датум за реализација на нов театарски простор. На крајот од мината година  локалната самоуправа на конкурс го избра најдоброто идејно решение за театарски простор ,во склопот на Центарот за култура „Марко Цепенков“. Победничкото решение беше на СПИМ Студио на Синиша Павловски и Илија Мирчески. Проектот е всушност реконструкција и доградба. Градоначалникот вели дека во исчекување се  промените во урбанистичкот планско решение, а кој ќе го изработи основиот проект остануваат во преговори со Министерството за култура, а дел од средствата, за нов театар „Општината веќе од својот буџет ги има пренаменето “- истакна градоначалникот на Прилеп за Радио Пела, кој тврди дека првите чекори би се прзеле по претседателските избори.нов театарски простор „Војдан Чернодрински“

Инаку, идениот проект  ја опфаќа зададената локација  во склоп на Центарот за култура „Марко Цепенков“, која што ги зафаќа деловите каде постојат група на објекти кои се меѓусебно поврзани: помошните простории на големата сала (ресторан), кој се наоѓаат на првиот кат, повеќенаменската галерија, просторот во кој што сега е сместено „Арт кафе – Апореа“, Киното „Мис Стон“, како и просториите од кујната на некогашниот ресторан сместени на приземје и  подрумските простории некогашното градско диско.

Годинава, според програмата на Министерството за култура, театарот Војдан чернодрински  ќе работи на четири нови претстави.

 

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе